Антониа Гиговска, Пере од „Нокаут“: Кои познати Македонци добија дете во 2023-та?
Раперот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа станаа родители на синот Лукијан на 22 јуни. Подоцна Таско откри дека пред да остане бремена со Лукијан, неговата сопруга имала спонтан абортус со првото бебе и дека тоа бил најтешкиот период во нивните животи.
Антониа Гиговска на 14 јули го роди синот Киан. Нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски објави дека станал татко, а брзо потоа и пејачката сподели фотки од бебето.
Таа вели дека двајцата одлично се снаоѓаат во родителската улога и дека Киан е она што ѝ недостигало за животот да ѝ добие смисла.
Во септември, пејачот Маријан Стојановски и сопругата Наташа го добија третото дете, ќерката Кирјана. Тие во 2020 првпат станаа родители, кога се роди ќерката Вероника, а една година подоцна го добија и синот Петар.
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски станаа родители на 30 октомври. Тие ја добија ќерката Лена, која е нивно прво дете.
Актерот Жарко Димовски и неговата сопруга Андреа станаа родители и во 2023 добија син. Дека имаат бебе, открија еден месец по неговото раѓање.
Мајка во 2023-та стана и инфлуенсерката Даниела Ѓуровска, која важеше за една од најдобро облечените трудници кај нас. Таа доби син, кој го доби името Давуд.
А. Ј. | Црнобело