Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот
- Детали
- четврток, 22 јуни 2023
„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал татко.
Познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски - Таско стана татко. Неговата сопруга Наташа го роди синот, на кого му дадоа необично име, Лукијан.
„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша тој на 22.06 и на Инстаграм Стори го откри името на бебето.
Името Лукијан потекнува од латинскиот збор lux, а означува светлина, осносно, „оној што свети, осветлува“.
Таско и Наташа се во брак од 2022 година, а во мај годинава се венчаа во црква и направија свадба со многу гости.
Тие претходно имаа и забава за откривање на полот на бебето, кога споделија дека чекаат син.
Прочитајте и Таско и сопругата со трудничка фотосесија пред раѓањето на бебето: „Авантурата почнува наскоро“
A. J. | Црнобело