Маријан Стојаноски по третпат ќе стане татко: „Сопругата е во 8-иот месец, спремни сме за раѓањето на бебето“
- Детали
- четврток, 17 август 2023
„Сопругата Наташа е во 8-иот месец од бременоста. Ние сме веќе подготвени и го чекаме бебето,“ вели за CRNOBELO.com пејачот Маријан Стојаноски, кој веќе има син и ќерка.
Пејачот Маријан Стојановски по третпат ќе стане татко.
Неговата сопруга Наташа е во поодмината бременост и наскоро треба да се породи.
За CRNOBELO.com, Маријан вели дека сите се среќни што ќе добијат уште еден член на семејството и со нетрпение го очекуваат раѓањето на бебето.
„Наташа е во 8-иот месец од бременоста. За полот не прашуваме, што даде Бог, тоа. Само да сме живи и здрави.
Ние сме веќе подготвени и го чекаме бебето“.
Маријан и Наташа веќе имаат две деца, ќерката Вероника (3) и синот Петар кој наскоро ќе полни 2 години.
Парот се венча во матично во јуни 2020, а брзо потоа се роди и нивната ќерка Вероника.
Една година подоцна, направија свадбена веселба во Крушево со роднини и пријатели и тогаш Наташа откри дека е бремена со второто дете.
Маријан, пак, кој се прослави на почетокот на 2000-те години со поп музиката, последниве години работи во Македонската опера и балет.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
A. J. | Црнобело