Се породи модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска, една од најдоброоблечените трудници кај нас
- Детали
- петок, 30 јуни 2023
Се породи македонската модна инфлуенсерка Даниела Ѓуровска, а убавата вест за раѓањето на бебето на Инстаграм ја сподели нејзиниот партнер: „Сине, правиш да сум горд што сум ти татко. Ти си ми веќе најдобриот другар...“ Синот на Даниела и Денис го доби името Давуд.
Даниела Ѓуровска (28), маркетинг менаџер во Fashion Group и една од најдоброоблечените трудници во Македонија, стана мајка. Таа го роди своето прво дете, синот Давуд, кој го доби со партнерот Денис Качапор.
„Ти благодарам што ме направи најсреќен човек на овој свет“, напиша на Инстаграм нејзиниот партнер Денис по раѓањето на синот.
фото: Инстаграм
Во пораката, Денис му се обрати и на своето штотуку родено дете:
„Сине, правиш да сум горд што сум ти татко. Ти си ми веќе најдобриот другар. Живеј го животот со љубов и добрина. Биди чесен и вреден. Рашири ги крилјата и летај. Светот е твој. Ни пристигна Давуд Качапор.“
Претходно во разговор за CRNOBELO.com, Даниела откри дека имала лесна бременост.
„Мислам дека никогаш не ми било поголем предизвик да опишам како се чувствувам, па накратко би рекла ролеркостер од нови емоции, многу апетит, поразлично самоосознавање, плус 20 килограми и нов стил.
Неблагодарно е да речам дека ми е тешко, за среќа имам лесна бременост, секако со сите предизвици што ги носи истата, но освен плус килограмите, на кои не сум навикната, немам други тешкотии“, рече таа.
Даниела, која има преку 11.000 следбеници на Инстаграм, ја обожава модата, па на својот профил во текот на целата бременост објавуваше фотки во модерни и стилски комбинации.
Сепак, таа ни откри дека купила само 2 пара фармерки за бремени жени и одличила да не ги носи и да облече фармерки дури кога ќе се врати во старата форма.
Прочитајте и Даниела Ѓуровска е една од најдоброоблечените трудници во Македонија (фото)
А. Ј. | Црнобело