Се породи Антониа Гиговска - „Станав татко“ се пофали Роберт Спасенцовски
- Детали
- петок, 14 јули 2023
„Станав татко. Фала ти господе за ова среќа“, напиша сопругот на Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски на Фејсбук и откри дека со пејачката станале родители.
Пејачката Антониа Гиговска стана мајка. Таа се породи во приватна клиника во Скопје, а нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спаценовски преку Фејсбук откри дека добил син.
Тој на ја криеше радоста, па веднаш сподели со своите пријатели и следбеници и доби многу честитки за раѓањето на синот.
„Станав татко. Фала ти Господе за оваа среќа“, напиша тој.
https://www.facebook.com/robert.spasencovski/posts/6607713669286016?ref=embed_post
И таткото на Роберт, музичарот Боби Спасенцовски, објави емотивна порака:
„Велат стеблото од лозата многу го сакаш бидејќи ти си го посадил и е само твое. Ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен... Така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав дедо.“
https://www.facebook.com/bobi.spasencovski/posts/10224587649339789
Антониа во текот на целата бременост со своите следбеници споделуваше фотографии и детали за тоа како ѝ напредува бременоста.
Пред породувањето често велеше дека едвај чека да се роди бебето и да стане мајка.
Антониа на интересен начин во ист ден (21.01) откри дека е бремена и дека се свршила со Роберт, кој настапува под прекарот Џокер.
Тогаш Антониа објави неколку фотки на кои Роберт го држи во уста тестот за бременост и фотографии од ултразвукот на бебето.
Парот се венча на 30-ти април 2023, а брзо потоа направија и фотосесија преку која го открија полот на бебето и објавија дека ќе добијат син.
По теркот на светските ѕвезди, пејачката објави фотосесија и со гол труднички стомак кога влезе во 9-тиот месец.
„36 недели бремена. Малечко мое, се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што нè чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сè. Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија! Те чекаме. Те сакаме“, напиша тогаш Гиговска.
Прочитајте и Антониа Гиговска со трудничка фотосесија во 36-та недела: „Малечко мое бројам ситно да те гушнам“
А. Ј. | Црнобело