Уникатно запросување на врвот на Шар Планина – Стефан и Софија од Скопје се свршија на надморска височина од 2.400m

„Стефан чекал еден месец да го изработат прстенот, сакал да е рачна изработка, а каменот да биде аквамарин. Потоа уште еден месец го криел по високи полици во станот, со надеж дека нема да се качам да бришам прашина, чекајќи го денот кога ќе се искачиме на Плат за да ме запроси“, вели скопјанката Софија за запросувањето на Шар Планина.

unikatno-zaprosuvanje-na-vrvot-na-shar-planina-stefan-i-sofija-od-skopje-se-svrshija-na-nadmorska-visina-od-2-400m-01_copy.jpg

Софија и Стефан од Скопје неодамна се свршија на врвот Плат на Шар Планина, кој е висок 2.398m, на една од нивните планинарски тури. Иако се заедно 3 години и веќе разговарале за брак, Софија била изненадена кога Стефан клекнал пред неа на колено и ја побарал за сопруга.

Софија е психолог и работи во областа на човечки ресурси, но и како семеен, системски советник. Стефан, пак, работи во ИТ индустријата како софтвер девелопер.

unikatno-zaprosuvanje-na-vrvot-na-shar-planina-stefan-i-sofija-od-skopje-se-svrshija-na-nadmorska-visina-od-2-400m-05.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Софија ни ја раскажа нивната љубовна приказна и моментот кога Стефан ја запросил:

„Заедно сме веќе 3 години, а се запознавме преку заедничка другарка.

Веќе некое време живееме заедно и имаме разговарано на сите теми, вклучувајќи ги и темите за брак и семејство. Иако имаме заеднички цели и планови за  иднината, запросувањето беше изненадување, не очекував дека ќе биде токму овој период и на ова место.

Како двајца кои уживаат во планинарењето, имаме список и годишен план за врвови коишто сакаме да ги искачиме. Местото на запросување беше врвот Плат на нашата прекрасна и незаменлива Шар Планина, а ни беше на списокот за 2023 година. 

На оваа тура бевме заедно со нашата екипа за на планина. И по 10km искачување до врвот, изморени уживавме во преубавиот поглед кој се гледа од врвот.

unikatno-zaprosuvanje-na-vrvot-na-shar-planina-stefan-i-sofija-od-skopje-se-svrshija-na-nadmorska-visina-od-2-400m-02.jpg

А Стефан одлучи дека моментот ќе го направи уште повозбудлив, па клекна на колена пред мене со прстен во рака.

Бев возбудена, го гушнав, а останатите веќе сликаа, честитаа. Некој плачеше, а некој уште не знаеше што точно се случува.

Само еден другар од друштвото знаеше за запросувањето, тој бил дел од целата организација околу купување и нарачување на прстенот и организирање на турата.

unikatno-zaprosuvanje-na-vrvot-na-shar-planina-stefan-i-sofija-od-skopje-se-svrshija-na-nadmorska-visina-od-2-400m-04.jpg

По моментот на запросување, се спуштивме малку подолу од врвот, на место каде што ветерот не беше толку силен за да можеме да јадеме.

Иако тој дел - појадок со прекрасен поглед од врв на планина по неколкучасовно искачување ми е најомилен (кој планинари знае) - сепак бев возбудена, па веќе не бев гладна.

Целото друштво го направи моментот уште поинтересен и веќе се договоривме за традиционално качување на Плат на тој ден наредна година.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg