Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ова е за вас“ (видео)
- Детали
- понеделник, 17 јули 2023
Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи, сега е во Скопје, па ја посети улицата на Тоше Проески во населбата Аеродром, засвири на својата гитара и ја испеа „Игри без граници“.
Џастис Рид, кој е роден во САД, а го обожава Балканот, е на патување низ земјите од поранешна Југославија. Откако ги посети Босна и Херцеговина и Србија, тој сега дојде и во Македонија.
Претходно бил и во Хрватска и Словенија.
Џастис ги посети центарот на Скопје и плоштадот „Македонија“, а потоа и улицата на Тоше Проески во населбата Аеродром. Па, пред фонтаната на Тоше, тој засвири на својата гитара и ја испеа „Игри без граници“.
„Ако сте од Македонија, оваа песна е за вас. Јас сум Американец“, вели тој во видеото што го објави на Инстаграм.
„Изговорот му е сè подобар. Можеби треба да го пријавиме во ‘Ѕвездите на Гранд’“, стои во коментарите.
Џастис е популарен на Балканот откако на своите Инстаграм и ТикТок профили почна да објавува видеа на кои пее песни од познати музичари од поранешните југословенски републики.
Тој веќе ја воодушеви и македонската публика откако ги испеа „Јовано Јованке“ и „Црно и бело“ од Калиопи.
Во своите видеа, Џастис раскажува дека цел живот знаел само англиски јазик и не ни знаел каде е Балканот, но откако едно негово видео станало вирален хит, тој продолжил да снима видеа за луѓето на Балканот.
Најголемиот број следбеници на неговиот ТикТок профил сега се токму од таму.
Џастис пее песни од Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, а македонски песни почнал да пее од крајот на 2021 година, по барање на фан.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и „Македонија ова е за тебе“ - Момче од САД го обожава Балканот и пее песни на македонски јазик (видео)
А. J. | Црнобело