Фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна подготвуваат свадба со сите адети, 18 месеци откако се венчаа
- Детали
- петок, 23 јуни 2023
Со многу адети, месење домашна погача и редење на венче на влезната врата, Тамара Чуприна најави дека таа и фудбалерот Дарко Велковски ќе прават свадба.
По повеќе од една и пол година откако се венчаа, македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, и неговата сопруга, Тамара Чуприна, ќе прават свадба.
Овојпат свадбата ќе биде со многу обичаи и гости, сето она што го немаа кога се венчаа во јануари 2022 година.
Парот тогаш се регистрираше во матично и направи мала, но весела прослава во познат скопски ресторан. Бидејќи во тоа време уште траеја корона мерките, на венчавката беа само некои од нивните најблиски роднини и пријатели.
Во тоа време Тамара беше бремена со нивното прво дете.
Овојпат, Дарко и Тамара се спремаат за традиционална свадба, со многу адети.
Невестата на Инстаграм објави фотки додека го мести венчето од рози на влезната врата, а децата од семејството замесија домашна погача, како што е редот.
„Месарииче на тета“, напиша таа на една од фотките.
Тамара, која е сестра на поранешната македонска водителка, Драгана Чуприна, е во брак со фудбалерот скоро 18 месеци.
Тие го имаат синот Ведран.
Парот во моментов живее во Саудиска Арабија, каде што Дарко игра за Ettifaq FC.
Со арапскиот клуб потпиша договор во август 2022, за 2 милиони евра.
Дарко настапува и за македонската фудбалска репрезентација.
Прочитајте и Запознајте ги сопругите на македонските фудбалски репрезентативци (фото)
А. Ј. | Црнобело