Се ожени фудбалерот Дарко Велковски – неговата бремена партнерка блеска на свадбата (фото)
- Детали
- понеделник, 10 јануари 2022
„Од овој ден ти си сè што ми е светот“, напиша Тамара Чуприна во описот на фотографиите од свадбата со македонскиот фудбалски репрезентативец. Тамара е сестра на некогашната водителка Драгана Чуприна.
Дарко Велковски (26), македонскиот фудбалски репрезентативец кој игра за хрватскиот прволигашки клуб Риека, неодамна се венчаше со својата сакана Тамара Чуприна.
Тамара е модел и сестра на некогашната водителка Драгана Чуприна. Таа е во поодмината бременост и парот го очекува своето прво дете.
На свадбата Чуприна носеше долг бел фустан и имаше романтична нота во изгледот.
Дарко и Тамара прославија во кругот на најблиските во локал во Скопје.
Нивната свадбена прослава низ фотографии објавени на Инстаграм:
С. С. | Црнобело