Запознајте ги сопругите на македонските фудбалски репрезентативци (фото)
- Детали
- понеделник, 27 март 2023
Љубовниот живот на македонските фудбалски репрезентативци често е тема на разговор кај нивните фанови. Кој е во брак, колку деца има, кој раскинал, кој се свршил, но и кој е сингл.
Аријан Адеми нема социјални мрежи и ретко се појавува во јавноста со сопругата и децата.
Голманот Столе Димитриевски вели дека нема девојка, а Џани Алиоски последната фотографија со девојката Нели ја објави во 2017 година.
Од друга страна, сопругите често се на трибините и ги бодрат фудбалерите кога играат за матичниот клуб, но и кога ги бранат боите на репрезентацијата. Тие им се секогаш најголемата поддршка, и кога победуваат и кога губат.
Па затоа фудбалерите кои се во брак гордо објавуваат фотографии со своите понежни половини и со децата.
Така, Давид Бабунски неодамна откри дека сопругата Катарина е бремена со третото дете, Дарко Велковски покажа како тој и сопругата Тамара го прославиле првиот роденден на синот, а Александар Трајковски често објавуваше фотки и видеа од сопругата Александра додека беше бремена со нивното второ дете.
Запознајте ги сопругите на македонските репрезентативци …
Стефан Ристовски и Андреа Милковска
Дарко Велковски и Тамара Чуприна
Дамјан и Ангела Шишковски
https://www.instagram.com/p/CYEdKlSsv08/?utm_source=ig_web_copy_link
Давид и Катарина Бабунски
Игор и Тијана Алексовски
Александар и Александра Трајковски
Стефан и Тамара Спировски
https://www.instagram.com/p/Bx5Z60GHOQI/?utm_source=ig_web_copy_link
Илија и Мартина Несторовски
А. Ј. | Црнобело