И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретки болести (фото)
- Детали
- понеделник, 25 декември 2023
Традиционално, и годинава нуркачките од центарот „Амфора“ накитија елка во водите на Охридското Езеро. Поддржани од волонтерите на Црвен Крст, нуркачите им ја посветија елката на дечињата со ретки болести.
Китењето елка во водите на Охридското Езеро веќе стана традиција, а елката е поставена и годинава.
Елката е накитена од нуркачите во нуркачкиот центар „Амфора“, а традицијата е во чест на децата со ретки болести.
Од нуркачкиот центар споделија и видео од елката, а објава има и од здружението за деца со ретки болести „Живот со предизвици“.
„Првата новогодишна честитка охриѓани ја упатија од дното на Охридското Езеро. На еден редок и уникатен начин нуркачите на Diving Center Amfora, поддржани од волонтерите на Црвен Крст Охрид, своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.
Во новата 2024-та да влеземе со надеж за подобри денови за оваа категорија на дечиња, попристапност и подостапност на терапијата која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии“, стои во описот.
Како изгледа елката годинава?
Спирова С. | Црнобело
фото: Живот со предизвици; Diving Center Amfora