Фудбалерот Александар Трајковски организираше мекици за ќеркичката - присуствуваа и сопругата и новороденчето (фото)
- Детали
- среда, 26 октомври 2022
Локалот каде славеше семејството за доаѓањето на овој свет на малата Искра беше украсен со златно-розови балони. Сопругата на фудбалерот Александар Трајковски блеска на прославата...
Александар Трајковски е фудбалерот кој на 24-ти март нè направи горди кога во мечот против Италија го даде одлучувачкиот гол и ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.
Александар е во брак со прекрасната црнокоса Александра и заедно го имаат синот Матеј, а од 12-ти септември нивното семејство е побогато за уште еден член – тие ја добија ќерката Искра.
Сега, на крајот од октомври, фудбалерот организираше мекици за малата Искра, а на прославата беа присутни и Искра и мајка ѝ.
Сопругата на Александар по малку повеќе од еден месец од породувањето изгледа фит во краток фустан во боја на смарагд.
Локалот каде славеше семејството беше украсен со златно-розови балони.
С. С. | Црнобело