Фудбалерот Дарко Велковски и сопругата Тамара Чуприна го прославија првиот роденден на синот во Саудиска Арабија (фото)
- Детали
- среда, 08 февруари 2023
„Фала сине мој што секој ден ми ја грееш душата, од мама го имаш цел свет“ – напиша Тамара Чуприна за синот кој наполни 1 година, во емотивна објава со фотка од породувањето. Заедно со сопругот Дарко Велковски го прославија роденденот на Ведран во Саудиска Арабија, каде што тој игра.
Нашиот фудбалер Дарко Велковски и неговата сопруга Тамара Чуприна го добија синот Ведран на 7 февруари 2022.
Парот моментално е во Саудиска Арабија, каде што Дарко е ангажиран да игра за клубот Ettifaq, па првиот роденден на синот го поминаа во семејна, домашна атмосфера.
По тој повод, семејството позираше со сини балони и торта на која Ведран дува свеќа, а фудбалерот напиша: „Среќен роденден Ведранчо, вака среќен да останеш цел живот“.
Мама Тамара пак, покрај роденденските фотки, објави и емотивна фотографија од породувањето, до која напиша:
„Tи си мојата гордост, мојата прва љубов. Сине мој, фала ти за радоста, љубовта и нежноста која ни ја донесе. Фала ти за секој ден што најтопло ми ја грееш душата. Среќен роденден животе мој да си жив, здрав и најсреќен. Од мама го имаш целиот свет! 7.2.22“.
Повеќе фотографии од првиот роденден на Ведран, објавени од Дарко и Тамара:
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм