Павле Камилоски направи мекици за синот Јосиф - цела вечер играше и пееше со гостите во познат скопски ресторан
- Детали
- среда, 21 јуни 2023
Пејачот Павле Камилоски направи мекици за раѓањето на синот Јосиф и со многу пријатели и роднини се забавуваше во познат скопски ресторан, oткако неговата сопруга Ирина Дишовска го роди нивното прво дете, синот Јосиф.
Пејачот Павле Камилоски со мекици, како што е адетот, го прослави раѓањето на синот Јосиф. Тој направи голема забава во ресторан во Скопје, кој е во сопственост на неговата сестра Софка Камилоска, па цела вечер не престана да игра и пее.
Неговата сопруга, планинарката Ирина Дишовска, се породи на 18 јуни на една од скопските клиники.
Додека се забавуваше, пејачот повремено објавуваше и фотки и видеа со гостите, па откри дел од атмосферата.
Највесела, пак, беше неговата помала сестра, Сандра Камилоска.
Меѓу гостите беа водителката Елена Најдоски со сопругот Бојан, пејачите Александар Тарабунов и Наташа Миха, но и многу бизнисмени и угостители од Скопје.
Павле стана татко на 18 јуни, а веднаш по раѓањето на бебето, пејачот ја посети сопругата во болница.
Неговата сестрата, Софка Камилоска, тогаш објави нивна заедничка фотка на која се бакнуваат и откри дека парот го доби првото бебе.
„Ваква љубов раѓа 3.450g и 52cm“, напиша тогаш Софка на Инстаграм.
Брзо потоа Павле откри дека бебето го доби името Јосиф по неговиот татко.
Пејачот и планинарката се венчаа на 24.02.2023, кога направија голема свадба со многу гости. Брзо потоа имаа и забава на која го открија полот на бебето.
Повеќе фотографии од забавата:
Прочитајте и Се породи Ирина Дишовска - со Павле Камилоски го добија синот Јосиф
А. Ј. | Црнобело