Уникатен роденден на битолчанка во Венеција на гондола, со балони и во локал со спектакуларен поглед

„Сопругот ми кажа дека, за жал, оваа година нема да можеме никаде да одиме затоа што има многу неодложни обврски. Но, всушност имал испланирано роденденско патување за мене. Се сеќавам пред неколку месеци ми даде да влечам ливчиња...“, вели Ива Крстевска Бакулев oд Битола за CRNOBELO.com.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-01.jpg

Ива Крстевска Бакулев oд Битола, блогерка и судија-поротник при Апелационен суд Битола, го прослави својот 30-ти роденден на патување во Венеција, организирано како изненадување од страна на нејзиниот сопруг.

Ива ги споделува деталите за CRNOBELO.com:

„Мојот сопруг две седмици пред мојот роденден ми кажа дека ќе одиме на патување во Италија, а пред неколку месеци ми имаше дадено да одберам некои ливчиња и не ми дозволи да видам што е.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-03.jpg

Кога стигнавме на аеродромот во Скопје, дури тогаш дознав дека одиме во Венеција.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-07.jpg

Во Венеција веќе сум била, но само на половина ден преку екскурзија во средно училиште и воопшто не очекував ни дека некаде ќе одиме за роденденот, бидејќи сопругот беше доста убедлив со тоа дека е зафатен, а обично родендените си ги прославуваме во блиските соседни држави.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-09.jpg

Ми кажа дека, за жал, оваа година нема да можеме никаде да одиме затоа што има многу неодложни обврски.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-15.jpg

Пријатно бев изненадена од тоа како добро го сокрил од мене, бидејќи по природа сум доста љубопитна личност. 

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-14.jpg

Прославував јубилеен 30-ти роденден во еден од најромантичните градови во светот,  со полно срце љубов, премногу воздишки од прекрасните глетки, коишто градот на вода ги овозможува и ве прави да се чувствувате како да постоите само вие и вашиот сакан, возејќи се на гондола низ сите тие канали, романтичен гест кој секогаш ќе ми останe во сеќавањето.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-08.jpg

Роденденот го прославив во палатата „The Gritti Palace, a Luxury Collection Hotel, Venice“ со спектакуларeн поглед кон Големиот канал.

Ова е феноменално место кое на сите топло ви го препорачувам.

iva-od-bitola-go-proslavi-30-tiot-rodenden-na-spektakularen-nachin-vo-venecija-na-gondola-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е со...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg