Македонка прикажува како да направите совршени декоративни велигденски јајца со лакови за нокти (видео)

Со помош на лакови за нокти, сад со вода и чепкалка за заби ќе направите прекрасно декорирани велигденски јајца. Софија Јанева сними видео упатство чекор по чекор и нагласува дека овие јајца не се за јадење.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-01.jpg

Софија Јанева е нашата инфлуенсерка со повеќе од 30.000 следбеници, која со задоволство споделува искуства од своите патувања, но и детали од своето секојдневие.

Овојпат таа сними видео на кое го прикажува процесот како бојадисува совршени велигденски јајца, кои се само за декорација и не се за јадење.

Софија вели: „Погледнете колку креативни може да бидете за Велигден. Овие јајца иако не се јадат, се одлична декорација на секоја велигденска трпеза...“

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-11.jpg

Потребни ви се: Јајца, лакови за нокти, ракавици, чепкалка за заби

Чекор 1: Ги варите јајцата.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-001.jpg

Чекор 2: Во сад со вода истурате по мала количина од лакот за нокти. Процесот го повторувате со различни бои.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-07.jpg

Чекор 3: Со чепкалка за заби направете дизајн по ваш избор.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-12.jpg

Чекор 4: Полека потопете го јајцето под агол од 90 степени.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-09_copy.jpg

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-10.jpg

Повторете ги чекорите за останатите јајца.

makedonka-prikazhuva-kako-da-napravite-sovrsheni-dekorativni-veligdenski-jajca-so-lakovi-za-nokti-video-05.jpg

Погледнете ги сите чекори:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првите велигденски јајца на македонските познати личности - 3 црвени за здравје и среќа (фото) Од Снеже Велков и Викторија Лоба, до Џокси и Стефан Спирковски - некои личности ...
Локал во Скопје како од есенска сказна: Тикви и портокалови нијанси за совршени Инстаграм фотки Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината ...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
Катарина, Лоба: Кои Македонки би биле совршени Бонд девојки? Многу Македонки би можеле да бидат Бонд девојки, а ние направивме листа од 12 де...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Тон шноли, пудра на чевлите: Наша балерина прикажува како изгледа подготовката за настап (видео) Македонија има балерина од светски ранг... Стефанија Гаштарска нè прави горди во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg