Симона Поповска го прослави 31-иот роденден во бело, со двата сина во раце: „Првпат славам со две прекрасни момчиња покрај мене“

„Благословена сум што го славам мојот прв роденден со овие две прекрасни момчиња покрај мене“ – напиша Симона Поповска на прекрасните фотки на кои дува свеќички на торта, облечена во бело, со двата сина во раце.

simona-popovska-go-proslavi-31-iot-rodenden-vo-belo-so-dvata-sina-vo-race-prvpat-slavam-so-dve-prekrasni-momchinja-pokraj-mene-01.jpg

По минатогодишната раскошна прослава за нејзиниот роденден, овојпат, пејачката и докторка Симона Поповска прослави во интимна атмосфера, со нејзиното најголемо богатство, синовите.

Симона не е многу активна со објавување на приватни фотки на Инстаграм, но секогаш им дозволува на фановите да ѕирнат во значајните семејни моменти како трудничка фотосесија, крштевка и прослави за родендени.

simona-popovska-go-proslavi-31-iot-rodenden-vo-belo-so-dvata-sina-vo-race-prvpat-slavam-so-dve-prekrasni-momchinja-pokraj-mene-04.jpg

По повод 31-иот роденден, таа објави фотки на кои дува свеќички на уникатна розова торта, додека ги држи синовите во раце и блеска од среќа.

„Се чувствувам неверојатно благословено што го славам мојот прв роденден не со едно, туку со две мали, прекрасни момчиња покрај мене.

Секој момент со нив е скапоцен подарок и сум благодарна за љубовта и радоста што ми ја носат во животот.

За уште една година исполнета со незаборавни заеднички спомени“ - напиша во објавата. 

View this post on Instagram

A post shared by 𝓓𝓻. 𝓢𝓲𝓶𝓸𝓷𝓪 𝓟𝓸𝓹𝓸𝓿𝓼𝓴𝓲 (@simonapopovskaofficial)

simona-popovska-go-proslavi-31-iot-rodenden-vo-belo-so-dvata-sina-vo-race-prvpat-slavam-so-dve-prekrasni-momchinja-pokraj-mene-03.jpg

simona-popovska-go-proslavi-31-iot-rodenden-vo-belo-so-dvata-sina-vo-race-prvpat-slavam-so-dve-prekrasni-momchinja-pokraj-mene-05.jpg

Инаку, Симона првиот син го доби во 2021, а второто синче се роди во 2022 година и оттогаш таа ужива во улогата на мајка. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg