Марија Петровска, некогашната водителка на „Бекстејџ“, направи совршена трудничка фотосесија со саканиот од Словенија
- Детали
- четврток, 23 март 2023
„Толку сум возбудена што ќе ја запознаам личноста, која е половина јас, половина ти“, напиша емотивна посвета Марија Петровска за сопругот во опис на фотките од нејзината трудничка фотосесија.
Марија Петровска, некогашната водителка на Бекстејџ, долго време живее и работи во Словенија, а деновиве ги живее најубавите мигови од животот.
Таа го очекува доаѓањето на овој свет на своето прво дете, а сега направи совршена трудничка фотосесија, каде во поодмината бременост позира со својот сакан Михаел.
Во кожена јакна и со црн тесен фустан, таа изгледа среќно и задоволно.
Пред извесен период Марија откри дека очекува син, а организираше и „baby shower“ забава за него.
Нејзината трудничка фотосесија: