Калтрина како Ким Кардашијан: Облечена само во бисери
- Детали
- среда, 21 февруари 2024
Нашата Калтрина Крезиу повторно изненади со заводливи фотографии, во кои бисери го покриваат нејзиното тело, во стилот на Ким Кардашијан, каде што ријалити ѕвездата е гола и „дотерана“ само со бисерни ѓердани.
Инфлуенсерката и професорка по музичко, Калтрина Крезиу, која поради русата коса, полните усни и тенкиот струк го носи епитетот Македонска Барбика, повторно направи впечатлива фотосесија.
Таа е секси и заводлива во креација од бисери која ѝ ги покрива градите, а носи бисери и преку косата.
„Модерна Клеопатра“, напиша таа на фотките што ги сподели на својот Инстаграм профил на кој ја следат 57.900 луѓе.
На фотките, Калтрина „на прва“ потсетува на Ким Кардашијан и нејзината фотосесија во која е гола, а телото ѝ е покриено само со бисерни ѓердани.
Ким носеше бисерен фустан и на Мет Гала 2023, со кој привлече огромно внимание.