Провокативна фотосесија на Калтрина во Милано
- Детали
- среда, 10 јули 2024
На фотките објавени на Инстаграм, Калтрина носи смела креација од македонска модна дизајнерка, под која се наѕира голото деколте и згодното тело, додека таа заведува со поглед.
Професорката по солфеж и диригирање, и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, сподели фотографии од најновата фотосесија, направена во Милано, Италија.
На фотографиите, Калтрина наликува на светски топ модел.
Фотките со македонската Барби, како што ја нарекуваат Калтрина во јавноста, ги направи Стефан Соколовски.
Тој во моментов е нашиот најангажиран фотограф во странство и последниве години прави фотосесии за светски модни брендови и модни кампањи.
На фотките, Калтрина носи смела креација, под која се наѕира голото деколте и згодното тело, а таа заведува со поглед.
„Пламен на љубовта“, напиша Калтрина на својата објава на Инстаграм.
Претходно таа објави и серија црнобели фотографии на кои носи проѕирна креација со точки, со голем шешир во истиот стил.
„Неверојатно изгледаш“, „Совршена“, „Прекрасна си“, ѝ напишаа во коментарите.
Двете креации што ги носи Калтрина на фотосесиите направени во Милано се од македонски дизајнери и модни брендови.