Србинка во посета на племињата во Етиопија: „Жените се радуваат кога ги камшикуваат, ги фрлаат своите деца на крокодили“ (видео)

„Ако се роди дете на кое прво почнуваат да му растат горните заби, тоа ќе биде фрлено на крокодилите. Жените со насмевка на лицето прифаќаат да бидат камшикувани, а мажите голи скокаат врз бикови“ – српската инфлуенсерка Јована Квржиќ ги споделува своите впечатоци од посетата на две домородни племиња во Етиопија.

srpska-influenserka-vo-poseta-na-pleminjata-vo-etiopija-zhenite-se-raduvaat-koga-gi-kamshikuvaat-gi-frlaat-sopstvenite-deca-na-krokodili-foto-01.jpg

Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ деновиве е на патување во Етиопија, каде имаше можност да ги посети племињата Хамер и Каро, а и да присуствува на некои од нивните ритуали и обичаи од кои буквално ќе почне да ви се превртува стомакот.

Боењето на лицето е задолжителна атракција за туристите, а речиси сите остануваат вчудовидени од начинот на којшто овие племиња живеат и до ден денешен.

Ова се две племиња познати по суровите обичаи и ритуали што ги извршуваат сами врз себеси.

На својот Инстаграм профил, Јована сподели повеќе фотографии и видеа од кои може да се види колку начинот на живот во овие племенски заедници е различен од животот во современите општества во 21-иот век.

Додека жените од западните земји се гордеат со сопствената независност и еднаквост, жените од племето Хамер се горди кога мажите во племето ги камшикуваат, а момчињата мора да ја докажат машкоста така што голи прескокнуваат преку бикови.

srpska-influenserka-vo-poseta-na-pleminjata-vo-etiopija-zhenite-se-raduvaat-koga-gi-kamshikuvaat-gi-frlaat-sopstvenite-deca-na-krokodili-foto-02.jpg

Слично како на старите емисии што некогаш сме ги гледале на телевизија, Јована успеа да ги документира овие ритуали.

srpska-influenserka-vo-poseta-na-pleminjata-vo-etiopija-zhenite-se-raduvaat-koga-gi-kamshikuvaat-gi-frlaat-sopstvenite-deca-na-krokodili-foto-03.jpg

На нејзините видеа и фотографии може да се види како жените гордо ги носат лузните од камшикувањето со тенки стапови и се насмеани затоа што веруваат дека колку повеќе лузни имаат на грбот - толку се поубави, а мажите мораат да го поминат ритуалот со прескокнување бикови за да може да учествуваат во камшикувањето на жените, но и за да можат да се оженат.

„Мажот може да има до 5 жени. Првата жена е избор на неговото семејство, додека втората и останатите може да ги избере сам. Колку повеќе крави има, толку повеќе жени може да има... Затоа што богатството се мери според бројот на кравите“ – појаснува Јована.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Некогаш ја поврзуваа со Нејмар и Душко Тошиќ, денес е мајка и живее во луксуз – Каде е и што прави С... Пораснала во дом за деца без родители, стана славна во реално шоу, а потоа ја по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg