Сестрата на Северина со нови обвиненија за пејачката: „Таа користи опојни супстанции, подготвена е да направи сè за пари, па и порно-филм“
Освен што рече дека Северина е зависничка од опојни супстанции, Маријана изнесе повеќе тврдења и за тоа дека пејачката била вклучена во перење пари, па дури и на поранешниот сопственик на хрватски „Агрокор“ Ивица Тодоровиќ, кој беше обвинет за фиктивни трошоци, му помогнала да сокрие извесна количина пари и скапоцен накит.
„Се плашев затоа што мојата ќерка спиеше во истиот стан, а и нејзиниот син беше тука, а таа добиваше огромни црни кеси полни со пари и дијаманти и накит, за да го спаси богатството на Ивица Тодоровиќ. Тоа не смее да се прави кога е покренато обвинение. Кога ѝ реков дека тоа не треба да го прави, ме исфрли од станот“ – рече Маријана.
https://www.instagram.com/p/CgCoRr7rT_H/?utm_source=ig_web_copy_link
Маријана прокоментира и за односот на Северина со Милан Поповиќ, па рече дека тоа што тој го трпел од неа е неподносливо, а прокоментира и за односот со Игор Којиќ, па рече:
„Што сè му направи на семејството Којиќ? Им го искрши половина стан, го изгреба Игор и си замина“.
Засега нема коментар од тимот на Северина за обвинувањата од страна на Маријана, а се очекува двете сестри конфликтот да го решаваат по судски пат.
Меѓу другото Маријана, ја обвини Северина дека намерно го снимила порно-филмот и дека испраќа лоша порака до сите.
„Ако ви се малку парите, тогаш можете да работите на две работни места. Но, изгледа поисплатливо е да снимите порно филм. Таа како јавна личност, праќа лоша порака за сите, а пред сè за младите“ – вели Маријана.
Инаку, претходно и поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ даде една изјава во која тврдеше дека пејачката е зависник од опојни супстанции и дека е мошне агресивна.
https://www.instagram.com/p/BkoihwKgI8p/?utm_source=ig_web_copy_link
Прочитајте и Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)
Маријана и Севрина беа во најдобри односи, нејзината ќерка Миа живееше заедно со пејачката додека студираше во Загреб.
Според шпекулациите Маријана имала нарушени односи со ќерката и за тоа ја обвинувала Северина. Се смета дека двете сестри се скарале затоа што не можеле да се договорат околу поделбата на имотот.
Б. С. Б. | Црнобело