Факти за Ана Михајловски - по врската со Вук Костиќ се смири со поранешниот сопруг, имаше тумор на дојка
- Детали
- четврток, 08 септември 2022
Пред да се помири со бившиот сопруг, беше во кратка врска со актерот Вук Костиќ. Имаше операција поради тумор на дојка, а иако има 3 деца, важи за една од најзгодните српски ТВ водителки – Факти за Ана Михајловски...
Српската ТВ водителка Ана Михајловски (40) на македонската публика ѝ е најпозната по тоа што ги водеше емисиите „Операција Триумф“, „Твоето лице звучи познато“ и „Ѕвездичките на Пинк“. Таа веќе 20 години гради успешна телевизиска кариера, а честопати го привлекува вниманието и заради случувањата во нејзиниот приватен живот.
https://www.instagram.com/p/BvAUtE0hI8D/?utm_source=ig_web_copy_link
Ана Михајловски е родена во 1982-ра година, а својата кариера ја започна уште во 2001-ва година како ТВ водителка во некогашната српска телевизија YU Info. Заедно со Милан Калиниќ ја водеше емисијата „Leteći start“, а исто така беше водителка и на емисиите „Операција Триумф“, „Твоето лице звучи познато“, „Икс Фактор“ итн.
Ана во еден период беше во врска со пејачот Санди Ценов, а тој рече дека нивната врска била слатка, но забранета.
По ова 4 години беше во вонбрачна заедница со Горан Стаменковиќ, сопственикот на продуцентската куќа „Емоушн“, а во 2006-та година заедно ја добија ќерката Ива.
Во 2008-ма година, Ана стапи во брак со Мирко Грубин. Венчавката ја криеја во најголема тајност, а јавноста дозна дека тие двајца стапиле во брак една година подоцна. Во 2010-та година ја добија ќерката Зоја, а во 2015-та синот Петар.
Во 2015-та година водителката беше во фокусот на вниманието кога јавно се скара со тимот на Паркинг сервисот кои сакаа да ѝ го однесат автомобилот со пајак, заради што била приведена во полиција, каде ѝ се слоши и мораше да биде пренесена во Ургентен центар. Таа не сакаше многу да коментира за настанот, но рече дека полицијата со неа се изживувала, а таа била во ризична бременост.
https://www.instagram.com/p/Btqq3X3Bmsb/?utm_source=ig_web_copy_link
Кон крајот на 2016-та година Ана и Мирко се разведоа, но останаа во добри односи.