Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ
- Детали
- сабота, 25 јуни 2022
Предизвикал сообраќајна несреќа, учествувал во тепачка пред спортски натпревар, вели дека не му пречи тоа што сите гледаат во неговата атрактивна сопруга, а актерството не му било прв избор за професија – факти за шармантниот српски актер Милан Калиниќ.
Српскиот водител и актер Милан Калиниќ (49) е препознатливо лице кај балканската публика. Учествувал во повеќе претстави што се играле и во македонските градови, а познат е и како водител кај кого гостуваат голем број познати личности од српската естрада.
Милан Калиниќ е оженет со атрактивната сопруга Сандра со која има две деца Теа и Вук. Сопствениот приватен живот се труди да го чува подалеку од очите на јавноста, а за неговиот брак речиси и да немало никакви скандали.
Сандра Калиниќ е мошне атрактивна, а Милан во една прилика откри и како реагира кога ќе забележи дека други луѓе ја гледаат неговата сопруга.
„Секако би ми пречело кога некој би се обидел да ги премине границите на доброто воспитување, но нема ништо лошо во тоа ако на културен начин реагира на згодна жена, како што, впрочем и јас тоа го правам. Тоа го сфаќам како комплимент.
Мојата жена има 40 години, речиси 20 години сме заедно, а таа е ‘топ риба’. Сандра е една од најженствените, најдамските, најзгодните белграѓанки. Каде и да се појавиме таа е или најубава или меѓу трите најпривлечни жени.
Вистинскиот маж, што е сигурен во себеси и што пред сѐ ја сака сопствената сопруга, тоа може само да го исполнува“ – рече тој.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за познатиот актер: