Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ
Милан отсекогаш ги сакал и театарските претстави и тоа го натерало да се запише на БК Универзитетот во Белград , каде дипломирал во 1999-та година. Уште додека бил на студии во 1997-ма година за првпат се појавил во филмот „Ptice koje ne polete“, по што следеле други улоги во познати српски филмови и ТВ серии.
Иако постојано има актерски ангажмани, Милан стана најпрепознатлив како водител во голем број телевизиски емисии. Благодарение на својата харизма и специфичната смисла за хумор Милан успеа да ја освои балканската публика.
Во 2006-та година се ожени со својата сопруга Сандра, со која има две деца, Теа и Вук. За Сандра велат дека е една од најатрактивните жени во Белград, а важат за еден од најскладните парови на српската естрада.
Во 2014-та година дел од српските медиуми почнаа да шпекулираат дека Сандра наводно го изневерува Милан со сопственикот на добро познат белградски клуб Милан застана во одбрана на сопругата и на нивниот брак:
„Глупаво ми е и да помислам тоа да го коментирам. Тоа се измислици. Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости. Поголема измислица во својот живот не сум прочитал“ – рече тој.
Во следната 2015-та година Милан беше застапен во поголем број медиуми откако предизвика сообраќајна несреќа во која тројца унгарски државјани беа потешко повредени. Милан Калиниќ удрил во автомобилот на Унгарците, возејќи во спротивната страна на коловозоот.
Во 2016-та година на Милан за сообраќајната несреќа му била изречена казна од 250.000 српски динари и 4 месеци му било забрането да управува со моторно возило, откако тој самиот ја призна вината.
Во 2019-та година Милан повторно беше среде скандал заради тепачката што се случи во ВИП ложата на кошаркарски натпревар на Crvena Zvezda.
Во 2020-та тој беше осуден на 10-месечна затворска казна и 2 години условно за тепачката и требаше да плати и парична казна во износ од 100.000 српски динари.
Сите беа изненадени од одлуката на судот според која за време на секој натпревар на неговиот омилен тим, актерот мораше да се пријавува во полициска станица.
Сепак, ваквата одлука, годинава во февруари беше поништена во Врховниот суд во Белград.
Б. С. Б. | Црнобело