Емина Јаховиќ: „Разводот ќе ги направи моите синови посилни, а мене не ми треба маж да ми го пополнува просторот“
- Детали
- понеделник, 25 јули 2022
„Имам два сина и самостојна сум. Не ми треба никој да ми го пополнува празниот простор во животот“ – вели пејачката Емина Јаховиќ по гласините дека наводно се смирила со бившиот љубовник, милијардерот Садетин Саран. Како нејзините синови го поднесуваат разводот со Мустафа?
Пејачката Емина Јаховиќ (40) во 2018-та година се разведе од поранешниот сопруг Мустафа Сандал со кого ги има синовите Јаман (14) и Јавуз (10).
Во изминатите години таа и Мустафа повторно беа на суд заради тоа што нејзиниот поранешен сопруг одбиваше да плаќа алиментација, но пејачката ретко зборуваше отворено за тоа што се случува во нејзиниот приватен живот.
Додека во минатото имаше шпекулации дека пејачката се смирила со бившата љубов, милијардерот Садетин Саран, а нејзиниот поранешен сопруг се ожени за 19 години помлада девојка, Емина ретко коментираше за сите пишувања.
Неодамна, таа даде ексклузивно интервју за Story.rs каде отворено проговори за својот љубовен живот, за тоа како се чувствуваат нејзините синови по разводот, но и за тоа како таа се снаоѓа, со оглед на тоа што грижата за нив во најголем дел е нејзина обврска.
„Воопшто не е лесно да се биде дете на разведени родители, но тоа е судбината на моите синови, а јас ги воспитувам така што сакам да извлечат поука од тие непријатни фази во животот.
На крајот на краиштата, колку и да звучи сурово, тоа само ќе ги направи посилни. Ќе им даде идеја за одлуките во животот, пред да ги донесат.
Со нив сум и додека сум тука, ќе им бидам најголема поддршка и учител и ќе им ја пружам љубовта што некогаш не можам ниту да ја замислам.
Само сакам моите деца да пораснат во добри, чесни и ментално здрави луѓе, со многу емпатија за другите и храброст во животот“ – вели таа.