Мустафа Сандал, бившиот на Емина Јаховиќ, се ожени со 19-години помладата девојка – се подготвуваат за раскошна дводневна свадба во Рим (фото)
- Детали
- недела, 05 јуни 2022
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ и неговата партнерка Мелис се венчаа со интимна церемонија, а наскоро ќе прават раскошна свадба која наводно чини 200.000 евра.
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал, се венча со неговата избраничка Мелис Сутшуруп која е 19 години помлада од него.
На 3-ти јуни, парот само се регистрираше, а според српските медиуми, на 10-ти ќе направат дводневна свадба во Рим која наводно ќе чини 200.000 евра.
Раскошните свадби не се ништо за 52-годишниот турски пејач – за венчавката со Емина Јаховиќ во 2008 беше потрошена речиси иста сума.
Мустафа и Мелис го кажаа судбоносното да во турската амбасада во Рим, а од убавиот миг споделија и неколку фотки.
https://www.instagram.com/p/CeWzeDNrL0W/?hl=en
Спирова С. | Црнобело