Емина Јаховиќ му се врати на милијардерот Садетин – дали причината е скандалот со Мустафа Сандал?
- Детали
- вторник, 10 август 2021
Додека Емина се тужи со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, кој наводно не ја плаќа алиментацијата од 1.500 евра за децата и бара таа да не ја добива киријата од неговата луксузна вила, пејачката изгледа повторно најде утеха во турскиот милијардер Садетин Саран.
Откако Емина Јаховиќ се разведе со турскиот пејач Мустафа Сандал во 2018-тата година, прво ја поврзуваа со турскиот бизнисмен Садетин Сандал, кој е 18 години постар од неа, а по нивното раскинување ја поврзуваа и со Салих Чечен (помалиот син на милијардерот Ибрахим Чечен).
Пејачката Емина Јаховиќ повторно е во фокусот на јавноста во медиумите во соседството откако за неа повторно се врзуваат низа скандали.
Наводно, додека убавата Босанка е во „војна“ со поранешниот сопруг Мустафа Сандал и повторно е пред судски спор, таа сепак решила да се гледа со поранешното момче, турскиот бизнисмен Садетин Саран и да ѝ даде нова шанса на оваа врска.
Според извор на telegraf.rs, Садетин ѝ се јавил на Емина кога дознал дека има проблеми со поранешниот сопруг па повторно се зближиле. Тие прво се сретнале во еден ресторан на периферијата на Истанбул, но набргу си заминале за да не бидат фотографирани.
Наводно, Емина и Садетин повторно се во врска, но избегнуваат да се појавуваат во јавност.
„Емина и Садетин прво се слушнаа на телефон, па закажаа средба. Се видоа во ресторан во Истанбул што често го посетуваа уште додека се забавуваа, па Емина му раскажа низ какви проблеми поминува со Мустафа и дека тој не се грижи за децата.
Му раскажала дека тој веќе подолго време не плаќа алиментација за синовите Јаман и Јавуз, што неа особено ја погодува затоа што смета дека ги запоставува. Децата често прашуваат зошто нивниот татко не доаѓа, па Емина им објаснува дека тој има премногу обврски иако се расправале последниот пат кога се виделе.
Таа со Садетин разговарала два часа, вечерале, а со оглед на тоа што ресторанот почнал да се полни, тој ја платил сметката, па си заминале со неговиот автомобил“ – пишува telegraf.rs повикувајќи се на извор близок до пејачката.
Инаку, Емина и Садетин ја започнаа љубовната врска набргу по разводот на Емина од Мустафа. Тие од самиот почеток беа во мошне турбулентна врска – раскинуваа, се смируваа, се криеја од јавноста, а во 2019-тата година Емина за турските медиуми потврди дека конечно дошол крајот на нивната врска.
Иако имаше шпекулации дека богатиот бизнисмен ја изневерил пејачката, наводно, главна причина за раскинување на врската било тоа што Емина не сакала да застане пред матичар толку бргу по разводот со Мустафа.
Емина во 2018-тата година, по 10 години брак се разведе од сопругот Мустафа Сандал. Во следниот период тие повторно ќе се појават пред суд, затоа што, како што изјави таа, тој одбивал да плаќа алиментација за нивните два сина Јаман и Јавуз. Мустафа, пак, за турските медиуми изјави дека доставил ново барање до судот.
Во ноември годинава Емина и Мустафа треба да се појават повторно на суд, каде тој ќе бара судот да ја укине алиментацијата во вредност од околу 1.500 евра (15.000 турски лири) што тој ја плаќа секој месец.
Тој тврди дека е во финансиска криза поради ситуацијата со светската пандемија и не е во можност да плаќа алиментација.
Освен тоа, Емина секој месец ги добива парите од киријата за луксузната вила на Мустафа на Чубуклу Вади што се изнајмува за цена од околу 6.900 евра (70.000 турски лири). Во рамки на ова рочиште турскиот пејач ќе бара Емина да не ги добива ниту овие пари.
Во интервју за српскиот HELLO Мустафа немаше лоши зборови за неговата поранешна сопруга:
„Што и да кажам, би можеле погрешно да ме сфатите. Затоа простете ми. Сепак, она што сакам да го истакнам е дека Емина е мајка на моите деца и дека мошне ја почитувам.
Што се однесува до синовите, јас сум секогаш тука за нив. Ги носам во училиште за кајт сурфање, играме различни игри... Поминуваме квалитетно време заедно“ – рече тој.
https://www.instagram.com/p/CQYOGSeA06a/?utm_source=ig_web_copy_link
Среде скандалот со поранешниот сопруг, српските медиуми сега пишуваат дека Емина се обидела да најде утеха во врската со поранешното момче, турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Колку овие шпекулации се точни и дали таа конечно ќе одлучи да стапи во брак со Садетин останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело