Милош Биковиќ одговара на незгодни прашања: „Кога би бил жена на 3 дена, прво би имал сексуален однос“ (видео)
- Детали
- среда, 23 март 2022
„Како дете често влегував во маркет и крадев, кога би бил жена на три дена прво би имал сексуален однос, а како дете ѝ се восхитував на Ксенија Пајчин“ – ова се некои од одговорите на Милош Биковиќ на лексиконот во Ami G Show.
Еден од омилените актери на балканската публика Милош Биковиќ (34) гостуваше во емисијата Ami G Show кај Огнен Амиџиќ, каде одговораше на повеќе прашања за својот приватен живот.
Тој даде повеќе интересни одговори на прашањата од виртуелниот лексикон, а на едно избегна да го даде одговорот.
Од емисијата публиката имаше можност да дознае повеќе работи што досега ни биле непознати за актерот што кај балканската публика е најпознат по улогата на Петар Мараш во филмот „Јужни ветар“.
На прашањето дали има прекар, Биковиќ откри дека во 1995-та година кога се преселиле во населбата Карабурма во Белград, тамошните деца кога му го слушнале името и презимето почнале да го викаат „Бифтек“.
На прашањето што купил од првиот значаен хонорар, актерот кој е познат по тоа што е еден од најплатените актери во Србија и во Русија вели:
„Уште не сум имал ниту еден значаен хонорар, ова сѐ беше ситна боранија досега. Се шегувам, мислам дека заработив 100 евра на радио или телевизија и си купив часовник. Веќе го немам, го подарив.“
Прочитајте и Милош Биковиќ, кој денес тежи милиони, открива: „Кога бев дете постојано се селевме со мајка ми, немавме пари за кирија“
Милош одговараше и на некои незгодни прашања, па така на прашањето што би направил кога на три дена би бил жена рече:
„Веројатно прво би имал сексуален однос, да видам како тоа изгледа од женска страна.
А потоа би гледал како реагираат на некои работи, на пример на фудбалот, да видам што им е досадно.
Се шегувам, би ги испитувал емоциите, да видам како тоа го доживуваат.“
Интересно е што Милош призна дека првата фантазија што ја имал како дете била за анимираниот лик Ејприл О Нил, а од домашната сцена му се допаѓала Ксенија Пајчин.
Милош откри дека кога имал 3-4 години и сѐ уште не му бил јасен концептот за пари, му се случувало да краде од некои маркети.
„Го направив тоа 3-4 пати, па потоа другарите сфатија што правам и по ова почна организиран криминал, па ми нарачуваа што да им земам следниот пат кога ќе влезам.
Да се разбереме, јас си земав само колку што можев да изедам, не претерував“ – вели тој.
Вели дека кога му е здодевно, често му се случува некои српски песни да ги преведува на англиски јазик, откри дека има тетоважа и уште неколку интересни детали од сопствениот живот, но одби да одговори каде било најчудното место каде што имал секс.
Во продолжение проследете го видеото од гостувањето на Биковиќ:
Прочитајте и Милош Биковиќ среде емисија покажа како се снимаат секс сцените – водителот му асистираше (видео)
Б. С. Б. | Црнобело