Милош Биковиќ среде емисија покажа како се снимаат секс сцените – водителот му асистираше (видео)

„По секое снимање на секс-сцените девојката ме прашува како сум поминал и кого сум бакнал“ - вели српскиот актер Милош Биковиќ за руските медиуми, кој во емисија демонстрираше како изгледа снимањето на овие сцени во филмовите.

bikovic-121.jpg

Милош Биковиќ (34) е еден од најпознатите актери во регионот, а во Русија важи за втор најпопуларен актер во моментов. Тој во руските медиуми говореше за своите најнови филмски проекти, но и се пофали дека добил руски пасош.

Младиот и згоден актер кој кај нас во моментов е актуелен со улогата во филмот „Јужни ветар 2“, во емисијата „Вечерний Ургант“ што се емитува на Руската телевизија 1 одлучи да покаже како изгледа снимањето на секс сцените во филмовите.

Биковиќ редовно дава изјави како за балканските медиуми, така и за руските, а самиот вели дека едно од најчестите прашања што му ги поставуваат е за жешките секс-сцени што ги снима.

Тој видеото од гостувањето го објави и на неговиот Инстаграм профил, а до него напиша:

„Често ме прашуваат за секс-сцените во филмовите. Вчера раскажав и покажав како се одвива снимањето. Приближно вака...“

https://www.instagram.com/tv/CaAAKUHIpQz/?utm_source=ig_web_copy_link

Како што може да се види и во самото видео, Милош сакаше детално да го покаже целиот процес, па дури го повика и водителот да му помогне во демонстрацијата.

„Луѓето мислат дека има многу страст во тие сцени. Всушност актерката само лежи, а ти си во некоја чудна позиција… Режисерот доаѓа и вели: ’Стоп!‘

Околу вас има многу луѓе во студиото кое всушност е мала соба. Сите се без чевли, затоа што најчесто снимаме во нечии станови.“ – раскажува тој.

Во гостувањето Милош прокоментира и за тоа во колкава мера неговата работа влијае врз приватниот живот, па како што вели. Често се случува неговите девојки да бидат љубоморни, да го испрашуваат како поминал на снимање и кого бакнал.

Инаку, Милош на премиерата на филмот „Јужни ветар 2“ се појави со новата девојка Ивана Малиќ. Таа неодамна објави нивна заедничка фотографија од зимување.

Прочитајте и Милош Биковиќ откри од каков тип девојки бега: „Во Русија девојките се агресивни кога ми се додворуваат“

Погледнете повеќе фотографии од Милош во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Го остави заради притисокот од жените кои му се фрлаа во прегратки – Која е најголемата љубов на Здр... „Имам почит кон неговото семејство, но еднаш го прашав: 'Зошто сето ова ни се сл...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg