Долго била во насилна врска што заврши со убиство – Трагичната приказна на една од најубавите Србинки, Ксенија Пајчин

Еден месец пред да биде брутално убиена таа и нејзиното момче Филип Каписода имале сообраќајна несреќа и се шпекулира дека тоа бил првпат кога тој посегнал по нивните животи. Факти за трагичната приказна за една од најубавите Србинки, Ксенија Пајчин.

dolgo-bila-vo-nasilna-vrska-shto-zavrshi-so-ubistvo-tragichnata-prikazna-na-edna-od-najubavite-srbinki-01.jpg

Во регионот Јелена Карлеуша е мошне актуелна откако поднесе пријава против нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, за кого тврди дека бил насилен, а медиумите во Србија се потсетуваат на уште една трагедија кога Ксенија Пајчин беше брутално убиена од нејзиниот партнер.

Во 2010-тата година балканскиот регион беше потресен од веста дека српската убавица Ксенија Пајчин е најдена мртва во нејзиниот стан, заедно со нејзиниот дечко, манекенот Филип Каписода.

Нејзината трагична приказна тогаш го потресе регионот, а често се повторува во медиумите како потсетување за тоа до каде може да ескалираат проблемите со семејното насилство.

Српската убавица која беше пејачка, манекенка и танчарка животот го загуби трагично на возраст од само 32 години.

Во продолжение неколку факти за неа што можеби не сте ги знаеле:

Ксенија е родена во Белград, каде и пораснала. Нејзините родители Љубица Костиќ и Милош Пајчин се развеле кога таа имала само 14 години, што мошне лошо влијаело врз неа, затоа што судскиот процес бил тежок и долг.

Татко ѝ Милош по разводот се преженил и ја добил ќерката Миа. Двете полусестри биле мошне блиски, а Миа Пајчин денес има тетоважа на раката со името на нејзината сестра.

Додека била во средно училиште, Ксенија почнала да се занимава со танц. Кариерата ја започнала како дел од танчарската група на фолк пејачката Драгана Мирковиќ, а нејзиниот талент бил забележан и од фронтменот на групата Duck, Дамир Радоичиќ Дача со кого го сними хитот „Дачо, волим те“.

https://www.youtube.com/watch?v=TrFYBXy7opc

Таа долго време беше во врска со Звездан Славиниќ, синот на кошаркарската легенда Зоран Мока Славиниќ, за кого велеше дека бил нејзина најголема љубов и најтешко раскинување во животот.

Во 1997-мата година Ксенија го објави својот деби албум, а во медиумите се шушкаше дека најпознатата песна од албумот, Sviđa mi se on е посветена на црногорскиот фудбалер Предраг Мијатовиќ.

Врската со Славиниќ, Ксенија ја прекинала откако тој во 1998-мата година го убил Оливер Јовановиќ, а инцидентот се случил пред дискотеката „Четири собе“ каде двајцата претходно имале кратка расправија заради Ксенија. Славиниќ за убиството тврдел дека се случило ненамерно и случајно, а доби 9 и пол години затворска казна.

По ова Ксенија се преселила во Атина каде важела за една од омилените танчарки, а работела и како кореограф и шоумен на грчката телевизија Алфа. Во Србија се вратила во 2002-та година, кога го објавила нејзиниот втор албум.

Низ годините што следеа ја поврзуваа со повеќе мажи. Со фудбалерот Филип Драгутиновиќ кој имаше партнерка и две деца, но и со Аца Лукас. Таа тврдеше дека не верува во брак, но изјави дека еден ден сака да има многу деца.

Во 2008-мата година го запознала манекенот Филип Каписода на една модна ревија. По ова почнала љубовната приказна меѓу најатрактивната Србинка и 10 години помладиот манекен. Непосредно пред да влезе во куќата на „Големиот брат“ во 2009-та година Филип и Ксенија раскинале, но се смириле при крајот на годината.

На почетокот на 2010-тата година, само околу месец и пол пред убиството, Филип и Ксенија имале сообраќајна несреќа, што следела по една од нивните расправии. Тие излетале од селски пат со брзина од 120 km на час, а поради тоа што не биле забележени трагови од кочење се претпоставува дека ова бил прв обид на Филип да посегне по нивните животи.

Наводно, според пишувањата на некои медиуми, кобната вечер кога се случила трагедијата, Филип и Ксенија имале бурна расправија.

Извори блиски до парот за медиумите тврдеа дека манекенот добил порака од друга девојка за да се видат, а Ксенија без никаков проблем му дозволила да излезе.

Филип револтиран од недостатокот на љубомора на неговата девојка пукал прво во Ксенија, а потоа се самоубил.

Освен Каписода и Славиниќ, српските медиуми пишуваат за уште една трагична смрт на уште едно момче поврзано со српската пејачка. Имено, нејзиното прво момче, кое е познато само под иницијалите Д.П. , извршил самоубиство додека играл руски рулет, но пејачката не знаела за тоа затоа што по завршувањето на средното образование не биле во контакт.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg