Нови труднички фотки од „Шехерезад“ во природно издание – фановите ја налутија: „Не ме сликајте од далеку“
- Детали
- понеделник, 28 јуни 2021
„Не ми се допаѓа кога ме гледате од далеку, не се чувствувам убаво. Разбирам сè, можам да читам од усни.“ - турската актерка со молба до фановите додека ужива во своите труднички денови со сопругот и двете деца.
Турската актерка Бергузар Корел во моментов е на одмор заедно со сопругот Халит Ергенч и со двете деца. Сепак, по сè изгледа, славните Онур и Шехерезад каде и да одат привлекуваат особено внимание, па околу нив постојано има обожаватели што сакаат да ги фотографираат.
Така, таа на Инстаграм Стори објави видео во кое ги искажа сопствените ставови за тие што ја фотографираат и ги објавуваат нејзините и фотографиите од нејзиното семејство без нејзина дозвола.
„Ние сме во моментов на одмор. Имам мала молба до оние што ќе го видат ова видео. Понекогаш нè фотографирате нас или нашите деца. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Подобро би било да дојдете и да направиме заедничка фотографија“ – им порача таа на обожавателите.
„Доколку дојдете и направиме фотографија заедно, тоа ќе има повеќе значење. Исто така, не ми се допаѓа кога ме гледате од далеку, не се чувствувам убаво. Разбирам сè од изразот на лицата на луѓето, можам да читам од усни. Ајде. Да се поздравиме, да направиме заедничка фотографија, да направиме добри сеќавања... Што мислите?“ – порача таа.
Инаку, Бергузар Корел и Халит Ергенч го очекуваат нивното трето дете. Тие деновиве ги поминуваат на одмор во Бодрум, а Бергузар иако во поодмината фаза од бременоста, реши да се фотографира во бикини и фотографиите да ги сподели на Инстаграм.
Таа објави повеќе фотки на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче:
фото: Инстаграм
Б. С. Б. | Црнобело