Лекарите му предвидоа само 3 месеци живот, тајно се венча со 10 години постара актерка: Животот на Маринко Маџгаљ од „Фламингоси“
Во ноември 2009 година ја добија ќерката Сара, за која Маринко велеше дека му е центарот на светот.
Иако љубовта со Дубравка делуваше идилично, тие сепак се разведоа по 7 години брак.
Останаа во коректни односи и по разводот, но според неговите блиски, Маринко никогаш не престанал да ја сака својата некогашна сопруга.
По разводот, актерот почна да се гледа со црногорската новинарка Лана Секулиќ.
Во 2015 година, Маџгаљ дозна дека има рак на панкреасот.
Лекарите му соопштиле дека болеста е во напредна фаза и дека му остануваат само 3 месеци живот.
Сепак, Маринко реши да ги искористи најдобро што може последните денови од животот.
Снимаше серија во Црна Гора, одеше на хемотерапија, а на само 20 дена пред смртта си исполни една од своите најголеми желби - се крсти во манастирот Острог.
Но, во тоа време веќе бил премногу слаб, па едвај го издржал целиот чин на крштевање.
До последен момент Маринко верувал дека ќе успее да ја победи болеста.
Во својата последна објава на Фејсбук напиша дека добил многу пораки од фановите и им се заблагодари на нивните желби за оздравување и за советите какви лекови да проба, покрај хемотерапијата.
„Ќе се потрудам што побрзо да заиграм на сцената, да застана пред филмската и ТВ камера и пак да бидам заедно со сите вас. А и да запеам. Ве сака вашиот Маки“ - напиша тој.
За жал, никогаш не успеа да се врати пред својата публика.
Почина на 26 март 2016 година.
А. Ј. | Црнобелo / фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:





