Луна Џогани за гласините за развод: „Бракот не е воопшто лесен и има лоши денови кога партнерот ве нервира“
- Детали
- среда, 26 февруари 2025
„Бракот е еден голем проект, на кој мораш да работиш секој ден, и секој ден е поинаку и знае да биде и тешко и да имате лош ден и партнерот да ве нервира, иако не знаете што е тоа кај него што ве нервира...“, вели Луна Џогани, која гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ.
Луна Џогани гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ и зборуваше на повеќе теми. Таа се огласи и по повод пишувањата за гласините за крај на нејзиниот брак со сопругот Марко Миљковиќ.
Инаку, Луна и Марко снимаат ријалити шоу и на своите фанови постојано им прикажуваат детали од нивното секојдневие.
Парот има две деца.
На прашањето дали бракот им е на климави нозе и се само бизнис партнери, таа вели:
„Марко и јас сме и бизнис партнери и сопружници и родители и пријатели и поддршка еден на друг.
Се разбира, бракот не е воопшто лесен и (можеби ќе звучи без врска но) тоа е еден голем проект, на кој мораш да работиш секој ден, и секој ден е поинаку и знае да биде и тешко и да имате лош ден и партнерот да ве нервира, иако не знаете што е тоа кај него што ве нервира.
Навистина, кога станува збор за мене и Марко, знам дека се трудиме, се менуваме, разговараме... Тука мора да има многу компромиси, многу разбирање и знам дека ние даваме сè од себе.
Не сме на климави нозе, заедно сме, се сакаме и секој ден даваме сè од себе за сè да биде како што треба“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





