Соња од Црна Гора забременила на 57 години со ин-витро направено во Скопје: „Две децении го чекавме овој момент“

Соња од Црна Гора останала бремена со асистирано оплодување на 57-годишна возраст. Со сопругот Марко ја направиле процедурата во клиника во Скопје, откако две децении безуспешно се обидувале да добијат дете.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-02.jpg

Соња Миротиќ и нејзиниот сопруг Марко 22 години се обидувале да добијат дете. Дури сега, на 57-годишна возраст, Соња останала бремена.

Соња и 69-годишниот Марко од Црна Гора се во брак веќе 23 години, а велат и покрај препреките, решиле да не се откажат од желбата за потомство.

Сега, пак, ја споделуваат нивната приказна со желба да им дадат надеж на другите парови кои се соочени со истите предизвици.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-02.JPG

„Им порачувам на сите парови кои минуваат низ истото како и ние да веруваат. Прво да веруваат во себе и својот партнер и да имаат голема желба за дете.

Може да помислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психа, но и удар по џебот. Само нека бидат упорни и веројатно желбата ќе им се оствари.

Кој верува во чуда, тој создава чуда“, порачува Соња во емисија за порталот Dan.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-04.JPG

Низ годините, Соња и Марко посетиле безброј лекари со надеж дека некој ќе им помогне.

Се обидувале и со асистирано оплодување, но возраста на Соња почнала да претставува пречка.

„Сè беше безуспешно. Во еден миг и целосно се откажавме. Меѓутоа, наша блиска пријателка повторно нè охрабри. Беше упорна и сосема случајно дознавме за докторката Ана Јеремиќ.

Додека бевме кај неа, нејзините колеги се јавија во неколку клиники, но сите им кажаа дека има лимит за жени, дека интервенцијата за асистирано оплодување ја прават на жени до 54-годишна возраст. А, јас само што наполнив 56“.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-06.JPG

Но, докторката сакала да им ја исполни желба, па ги информирала за клиника во Скопје.

„Таму ни кажаа дека нема ограничување на возраста, па отидовме на преглед на 1-ви април. Лекарите беа задоволни со наодите.

Трансферот беше направен на 26-ти јули. Беа оплодени пет ембриони – ми вбризгаа два, и еден се задржа, па сега имам уште три“.

Соња додава и дека биле најстариот пар кој се лекувал на клиниката.

„Сите ни даваа надеж дека овој пат конечно ќе успееме. Бевме најстариот пар од Црна Гора, а доаѓаат и млади луѓе, од 19, 20 години.

Иако ниеден доктор не може да гарантира дека ќе добиете потомство, сепак треба да веруваме“.

Терминот за породувањето на Соња е околу Велигден.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-05.JPG

Бременоста на Соња ја следи гинеколог од Црна Гора – Вања Милошевиќ.

Тој вели дека иако ваквите ситуации се реткост, сепак се доказ дека некогаш не треба да се губи надеж.

„Случајот на Соња покажува дека медицината може да им пркоси на границите.

Медицинскиот напредок ни покажува дека можноста за бременост е реална дури и надвор од поставените граници на клиниките“, вели тој за телевизијата Prva TV.

sonja-od-crna-gora-ostanala-bremena-na-57-godishna-vozrast-dve-decenii-go-chekavme-ovoj-moment-03.JPG

Тој истакнува дека бременоста на оваа возраст може да биде ризична, но со помош и поддршка од професионалци, бременоста може да помине и добро.

„Секако дека има ризик на возраст над 40-45 години, но ризиците се дел од животот.

Како искусни професионалци, ние треба да им бидеме потпора и ветар во грб на жените кои сакаат да станат мајки“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Јутјуб скриншот

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат Каја се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg