Северина, со синот до неа и аутфит со танга однадвор, издоминира во Сараево за Нова година
- Детали
- четврток, 02 јануари 2025
„Тој (синот Александар) и јас и вие 55.000 во Сараево“, напиша Северина во описот на фотографиите од прославата на Нова година, каде се појави во навистина впечатлив стајлинг.
Северина ја дочека новата 2025-та работно со концерт во Сараево, а со неа беше и синот Александар.
За оваа пригода таа носеше кожен корсет и танга врз хеланките, како моден додаток.
По настапот во Сараево, таа напиша на Инстаграм:
„Тој и јас и вие 55.000 во Сараево. Каква енергија, пеевме сите, танцувавме како еден. Вие прекрасни луѓе како едно големо срце... Јас сум среќна жена.
Сараево... Немам што да кажам. Дочекот на Нова година беше центар како во Европа, така и во светот. Луѓето овде преживеале војна, но нивната душа секогаш простува.
Моето срце чука за овој град, затоа што ме потсетува на мојот Сплит.
Ви благодарам за најубавиот дочек. Ви благодарам што поголемиот дел од вечерта јас ви бев придружен вокал. Нека оваа година ни донесе мир на сите“.