Лепа Брена славеше Св. Архангел Михаил - Синот и внукот виткаа сарма, Александра Пријовиќ запеа за мерак на гостите (видео)
- Детали
- петок, 22 ноември 2024
Со богата трпеза, многу гости и песни до зори, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ја одбележаа куќната слава, Св. Архангел Михаил.
Св. Архангел Михаил (21.11) е еден од најголемите верски празници во Србија. А, меѓу оние кои го чествуваат овој светец e и Лепа Брена.
Балканската ѕвезда и нејзиниот сопруг, Боба Живојиновиќ, секоја година прават богата вечера за пријателите, а се слави до зори, со полна трпеза и многу музика.
Пред славата секогаш се витка голем казан со сарма, а најмногу помага помалиот син на Брена, Виктор.
Тој и оваа година се пофали дека виткал сарма, но дека имал и помош, па на Инстаграм објави фотографии на кои е со татко му и внукот Александар.
И оваа година меѓу гостите беше дел од српската естрада. Меѓу нив и Ацо Пејовиќ, кој запеа за мерак на гостите.
На славата пееја и Александра Пријовиќ и самата Брена, а дел од видеата беа споделени на социјалните мрежи.
@estrada.nastupi Lepa Brena #slava #live #uzivomuzika #uzivo🎤🎶🎹 #lepabrena #lepabrenakraljica
♬ original sound - estrada.nastupi
Но, Брена го искористи денот на домашната слава за да промовира и нова песна, насловена Dobra sam ti bila.
Оваа песна на Брена ѝ ја направи нејзиниот посинок, Филип Живојиновиќ, кој ги напиша музиката и текстот.
Погледнете го спотот за песната:
Повеќе видеа од славата на Брена:
@estrada.nastupi ♬ original sound - estrada.nastupi
@estrada.nastupi Lepa Brena lepabrena lepabrenakraljica zvezda star kraljica queen slava live uzivomuzika uzivo🎤🎶🎹
♬ original sound - estrada.nastupi
@estrada.nastupi Aleksandra Prijović aleksandraprijovic aleksandraprijovic🎶 slava queen kraljica zvezda star
♬ original sound - estrada.nastupi
А. Ј. | Црнобело