Северина е мајка за пример: Го однесе синот на фудбалски натпревар во Мадрид, заедно посетија музеј
- Детали
- вторник, 29 октомври 2024
„Колку ти пораснал синот, станал вистинско момче“ – пишуваат во дел од коментарите следбениците на Северина, кои ги видоа нивните заеднички фотки од фудбалскиот натпревар во Шпанија. Севе и Александар заедно беа на стадионот Сантјаго Бернабеу, на покана на Лука Модриќ.
Кога не работи, хрватската пејачка Северина, секој миг му го посветува на синот Александар.
Доказ за тоа се и најновите фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил, на кои се гледа дека пејачката го искористила викендот за тие двајца заедно да ги посетат Португалија и Шпанија.
По посетата и разгледувањето на културните знаменитости низ Лисабон, Северина и Александар се упатија во Мадрид, Шпанија, каде што во саботата имаа можност заедно да го проследат натпреварот помеѓу фудбалските клубови Real Madrid и Barcelona на стадионот Сантјаго Бернабеу.
До фотките од натпреварот, Северина му се заблагодари на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ за поканата.
Инаку, познато е дека Северина и Лука се добри пријатели, па во текот на минатото лето, таа и Александар се фотографираа заедно на Корчула, а на крајот на минатата година, фудбалерот со сопругата Вања присуствуваше на концерт на пејачката.
На сите фотографии забележително е дека Северина не може да ја скрие насмевката на лицето, а како и вообичаено мораше да го скрие ликот на синот, кој веќе е во тинејџерските години.
Во коментарите многумина се пошегуваа дека најверојатно Севе е виновна за загубата на Real Madrid, со 4 примени гола и дека не навивала доволно силно.
Но, има и такви што коментираат дека убаво да ги видиме мајката и синот заедно и опуштени, со оглед на тоа што пејачката со години наназад води судска битка со таткото на Александар, Милан Поповиќ.
„Убаво е да ги видиме мајката и синот заедно во мир и во љубов!“
„Леле, колку ти пораснал синот, станал вистинско момче“
Освен што се труди да го насочи кон спортот, Севе се труди кај синот да вроди љубов кон уметноста, а доказ за тоа се и фотките од прошетката во Museo Del Prado…
Погледнете повеќе фотки од Северина и Александар во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело