Една недела по свадбата ја пријавил сопругата за насилство - Сергеј Трифуновиќ среде нов скандал
- Детали
- четврток, 24 октомври 2024
Две децении помладата сопруга на Сергеј Трифуновиќ нелегално престојувала во Србија. Сега треба да плати парична казна и да си оди во родната Хрватска, откако пред само 7 дена стапија во граѓански брак. Што знаеме за семејната драма на Сергеј Трифуновиќ, која е топ тема деновиве?
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (52) повторно се најде среде скандал откако се дозна дека ја пријавил 23 години помладата сопруга, Исидора, за семејно насилство.
Веќе не може ниту да се избројат скандалите во кои се најде познатиот српски актер во последните неколку месеци.
Тој се ожени, потоа беше уапсен во Хрватска, па депортиран, па на крај ја пријави сопругата за насилство и според некои српски медиуми, успеал да ѝ смести депортација.
Многумина беа изненадени кога Сергеј направи црковна венчавка со 23 години помладата Исидора во мај годинава, а пред само една недела (во октомври) застанаа пред матичар и склопија граѓански брак.
И двете церемонии се одржаа во најголема тајност, а актерот често објавуваше видеа и фотографии од заедничките патувања и авантури со Исидора.
Но, како што соопштуваат српските медиуми, на среќата брзо ѝ дошол крајот.
Сергеј во вторникот вечерта (22.10) ја пријавил сопругата за семејно насилство во полиција, по што ѝ била изречена казна од околу 500 евра.
Судијата оценил дека нема елементи на семејно насилство, но Исидора прекршила други закони.
Било утврдено дека таа нелегално престојувала во Србија, па ѝ било наредено во рок од 24 часа да ја напушти земјата.
Инаку, веќе почнаа да кружат гласини што би можела да биде причината за расправијата меѓу Сергеј и Исидора.
Според дел од српските медиуми, на младата Хрватка не ѝ се допаѓало тоа што нејзиниот сопруг пред неколку дена сам бил на промоцијата на српската раперка Sajsi MC, каде се снабдил со големо количество опојни супстанци и заради тоа дошло до расправија.
Наводно, кога си дошол дома дошло до расправија, по што Сергеј ѝ рекол на Исидора дека сака развод и побарал да го напушти неговиот стан, а таа се заканила дека сѐ ќе искрши.
Актерот веднаш повикал полиција и ја пријавил сопругата.
Supruga Sergeja Trifunovića je "poludela" zbog ovoga što je Sergej T. radio u disko klubu, sa pevaljkom Sajsi MC. U klubu se Trifunović van očiju javnosti sastao i sa svojim dilerom, koji ga je opskrbio novom količinom psihoaktivnih supstanci! pic.twitter.com/4ybTasdd9R
— Небојша Бакарец (@BakarecPolitika) October 23, 2024
Б. С. Б. | Црнобело