Српска инфлуенсерка со исповед: „Мајка ми ме оставила како бебе – се изборив со депресијата и суицидните мисли“

Таа не е психолог, ниту стручно лице, но признава дека во еден период од животот многу повеќе пари трошела за психотерапија отколку за кирија, а споделува дека ѝ требало долго време да стане одговорна кон себе и кон сопствените емоции.

„Суицидните мисли не се тука затоа што мене не ми се живее, туку затоа што многу ми се живее, но не на овој начин.

Толку е важно ова да им се каже на луѓето што се борат со суицидните мисли. Значи јас веќе постојам, само треба да најдам начин како ова постоење да го направам попријатно“ – вели таа.

srpska-influenserka-so-ispoved-majka-mi-me-ostavila-kako-bebe-kako-se-izboriv-so-depresijata-i-suicidnite-misli-02.jpg

Таа за крај упати порака до сите што се борат со слични проблеми, а вели дека за да успее да се избори со депресијата и суицидните мисли морала да научи две основни работи:

„Прво и основно тешките мигови треба да се гледаат од перспектива на љубопитност, а не од очај и да се прашувате ’зошто ова ми се случува‘.

Затоа што апсолутно сè што ви се случува има некаква цел, којашто ние не ја гледаме во дадениот миг, но можеме да ја најдеме ако сме доволно љубопитни за такво нешто и ако собереме доволно сили да ја најдеме.

Второ – треба да им дозволиме на емоциите да постојат, да не бараме решение за траумите во вид на некои приказни.

Ако јас носам болка во градите и сакам да плачам, не постои реченица со којашто јас тоа ќе успеам да го рационализирам и да го отстранам тоа од животот.

Дозволете си да се исплачете, да почувствувате, емоциите во нашето тело се само потсетници. Ако јас дозволам емоциите да ми го уништат животот – што сум направила.

Нека ми пројде, но не смеам да дозволам долго да се маринира во мене и да ми го уништи животот“ – вели таа.

Погледнете го видеото од нејзиното гостување во целост:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg