„Потфрлив во бракот“ - Српскиот пејач искрено за разводот со инфлуенсерката Ана Јовановиќ

„Ана е прекрасен човек, добра мајка, вредна и успешна жена и ја заслужува сета среќа на овој свет. Ние се обидовме, но не одеше“, вели Пеџа Јовановиќ.

potfrliv-vo-brakot-srpskiot-pejach-iskreno-za-razvodot-so-influenserkata-ana-jovanovikj-01.jpg

Српскиот пејач Пеџа Јовановиќ за српските медиуми потврди дека се развел од сопругата, српската инфлуенсерка Ана Јовановиќ, по 16 години брак и 3 деца.

Тој и претходно има говорено за кризите во неговиот брак, но и за тоа како по извесни периоди на разделба се смирувале, но дека сега дефинитивно одлучиле да стават точка на бракот.

Ана има повеќе од 292.000 следбеници на Инстаграм и постојано објавува прекрасни фотографии од нејзините патувања.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1724002359112568991%7Ctwgr%5Ef063903e364b48e504246c2653cd226583e2bd4d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fzabava%2Fshowbiz%2Frazveo-se-pedja-jovanovic%2F

„Ана и јас дефинитивно се разведовме. Се обидовме, но не одеше како што сакавме и одлучивме секој да тргне по својот пат.

Не би сакал да навлегуваме во детали, но сакам да останеме пријатели и да се потрудиме да бидеме што подобри родители на нашите деца, што ни е приоритет.

Ана е прекрасен човек, добра мајка, вредна и успешна жена и ја заслужува сета среќа на овој свет“.

Пеџа во една пригода изјави и:

„Јас потфрлив во бракот катастрофално. Тргнав во лоша насока, а мојот животен стил во тој период никој не можеше да го следи. Тоа беше навистина напорно. Постојано кафеани и алкохол.

Наместо да одам дома по свирка, јас останував со другарите. Измислував разни глупости. Се извинив за сè, а се извинувам и денес.

Јас својата сопруга никогаш не ја преболев, ниту ќе ја преболам“.

Повеќе фотографии од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Ана Михајловски ги тера сите жени да престанат да чистат дома? Ана Михајловски сними видео како ја чисти тоалетната школка, мести кревети, пушт...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова ... Македонската јавност, покрај по спортските успеси, го знае Ненад Пагонис и од шо...
Најбурните естрадни разводи во регионот: Неверства, обвинувања за физичко насилство Од Елена Велевска, преку Харис Џиновиќ, до Ана и Раста - ова се некои од најбурн...
Тајната на бракот на Цеца и Аркан - Како ѝ ја спасил кариерата? „Кога се омажив за Жељко сите зборуваа дека ќе ме заклучи и ќе ме облече од глав...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg