„Дали сте нормални?“ – Бака Прасе и Јелена Карлеуша критикувани по скандалозниот пренос во живо со камшикување
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2024
„Ова е дно на дното“ – коментираат дел од твитерџиите по скандалозниот пренос во живо на Бака Прасе, во кој гостуваше Јелена Карлеуша во кој тие собираа пари за настраданите во поплавите во Босна. Танцуваа, тестираа играчки за возрасни, Јелена го камшикуваше јутјуберот…
Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, синоќа (06.10) имаше скандалозен пренос во живо, во кој му гостуваше пејачката Јелена Карлеуша.
Видео преносот траеше околу 3 часа, а успеаја да соберат 14.540 евра коишто ќе ги донираат за регионите зафатени од поплавите во Босна и Херцеговина.
Освен собраните пари, јутјуберот најави дека ќе донира уште 10.000 евра од сопствен џеб.
Јелена исто така најави дека ќе донира одреден износ пари, но не кажа колкав е износот.
Иако преносот имаше хуманитарен карактер и ги надмина сите рекорди на гледаност, на голем број од гледачите не им се допадна тоа што имаа можност да го видат.
Тие пиеја алкохол на секоја донација од 500 евра. Пејачката јавно откри како дознала дека јутјуберот имал сексуални односи со Лепа Лукиќ.
Наводно биле на погреб, па постарата колешка ѝ се доверила дека е надарен.
Бака Прасе ѝ подари на Јелена црвена танга, но и часовник Rolex со дијаманти, а цената му е околу 100.000 евра, затоа што станува збор за посебна верзија, а тоа не им се допадна на многумина.
Јелена коментираше дека не е навикната мажите да ѝ даваат подароци и дека не можела да прифати… Таа исто така почна да тврди дека часовникот е лажен и му одржа лекција како изгледа вистински Rolex.
„Прво лесен е како да ѝ изработен од алуминиум, ова не е оригинал. Но, добра копија е, така што и странците ќе ми веруваат дека е оригинален часовник“ – рече Јелена.
Сепак, таа на крајот му се заблагодари за часовникот којшто чини тројно повеќе од парите што ги собраа за настраданите.
Но, најголемиот скандал се случи на крајот на преносот, кога Јелена и Бака тестираа играчки за возрасни.
Таа му стави топче во устата, го врза со лисици и на крај го камшикуваше.
За крај тие двајца танцуваа на песната „Иде маца око тебе“, кога повторно Јелена го зема камшикот во раце.
Иако Бака Прасе и Јелена успеаја да го соборат рекордот на гледаност, со над 1.2 милиони прегледи во 9 часа по објавувањето на видеото, сепак многумина не се сложуваат дека тоа се содржини што се добар пример за младите луѓе.
„Што гледате вие, дали сте нормални?“
„Преку 150 илјади луѓе ја гледаат Карлеуша кај Бака Прасе. Вие сте дно на дното... Ова е мојата хероина“ – напиша еден корисник на Твитер и сподели фотка од Лејла, мајката херој која пливаше 3km за да ја спаси 13-годишната ќерка.
Б. С. Б. | Црнобело