По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужива во летото
- Детали
- сабота, 14 септември 2024
Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива на плажа и во друштво со славни и згодни шпански актери. Милена Радуловиќ покажа како го поминала летово во Шпанија, по тешките неколку месеци во Србија, кога мораше да се соочи со професорот што ја силувал.
Српската актерка Милена Радуловиќ во последната година многу привлекуваше внимание заради отвореното судење во кое го обвини својот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ дека ја силувал додека таа сѐ уште била малолетна.
Нејзината храброст и искреност беа поздравени од целиот регион и според многумина таа успеа да им го врати „гласот“ на сите оние жени што со години биле злоставувани и да им даде надеж, а од друга страна таа е доказ дека вистинскиот талент секогаш ќе го најде патот до успех, без разлика на препреките и предизвиците со коишто се соочуваме.
Актерката играше во серијата „Беса“, ја толкуваше и улогата на првата сопруга на Тома Здравковиќ во хит филмот „Тома“, а сега го направи и првиот чекор кон остварување на интернационална кариера.
Милена на Инстаграм деновиве сподели повеќе фотографии од снимањето на серијата Scar (Лузна) од Шпанија, а во описот им се заблагодари на колегите за соработката.
Освен што напорно работела на серијата, Милена имала можност да ужива и во убавините на Шпанија, да оди на плажа и да побегне од хаосот во Србија.
Инаку, серијата Scar е филмска адаптација на истоимениот трилер од авторот Хуан Гомез Хурадо, а Милена ја толкува главната улога на девојката со лузна, Ирина, која има само една цел – одмазда за смртта на нејзините родители.