Сопругата го изневери со пријател, сними дует со Јоце Панов – Каде е и што прави денес Дарко Филиповиќ од „Ѕвздите на Гранд“?
- Детали
- понеделник, 05 август 2024
Ѝ приреди магично запросување на сопругата, заедно беа 12 години, а потоа јавно призна дека го изневерила со пријател. Српскиот пејач Дарко Филиповиќ, немаше многу среќа во љубовта, но затоа во време на короната направи мудра инвестиција и денес живее подобро од кога било. Каде е и што прави Дарко Филиповиќ од „Ѕвездите на Гранд“?
Српскиот пејач Дарко Филиповиќ се прослави во 2005-та година, кога учествуваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а во финалната вечер го освои 4-тото место.
Иако не беше меѓу првите тројца победници, тој веднаш стекна голема слава и набрзо го издаде својот прв албум.
По ова почна да ја гради својата музичка кариера, а по неколку години пауза објави дует со нашиот пејач Јоце Панов.
Во 2011-та година, Дарко се ожени со сопругата Јасмина со која претходно беа во врска нешто повеќе од една година.
Тој во една пригода откри дека Јасмина ја запознал кога отишол да го поправи автомобилот во автомеханичарската работилница на нејзиниот брат во Ниш.
Набрзо потоа тие почнале да комуницираат на Фејсбук, па ја започнале својата љубовна врска.
Дарко ѝ приреди романтично запросување на Тајланд, а веднаш по враќањето оттаму, започнале со организација на свадбата, која се одржа во родниот Лесковац на пејачот.
Тие двајца ја добија ќерката Настја, а долго време се чинеше дека парот ужива во семејна хармонија и во брачна идила.
Но, точно пред една година, во сите светски медиуми одекна веста дека Дарко и Јасмина се разведуваат по 12 години брак. Пејачот даде кратка изјава за медиумите, па рече:
„Ако не ѝ е срам, нека ви ја каже вистинската причина за разводот. Таа долго време ме изневерувала, со мојот, сега веќе поранешен, пријател.
Треба да ѝ биде срам, затоа што сите нејзини блиски ја отфрлија. Како што гледате, мене образот ми е чист и не го менувам телефонскиот број и не бришам Инстаграм профили од срам“.
Но, иако немал среќа во љубовта, Дарко покажа дека знае добро да се снајде и да заработи во животот.
Тој во 2020-та година во периодот на короната, додека голем број од неговите колеги маки мачеле да сврзат крај со крај, вложил во недвижности во Грција и со текот на времето се покажало дека ова е мудра инвестиција.
„Имам пријател кој веќе има недвижности таму, односно повеќе станови. Тој ми рече дека сега таму е вистински миг да се вложи во недвижности, затоа што за неколку години се очекува цените нагло да пораснат.
Во тој миг, пред 4 години, во тој регион беше најниска вредноста на квадратот во историјата. Имав некоја заштеда и си помислив дека цената не може да оди надолу, туку само може да порасне“ – вели Дарко.
Тој откри дека во Переа купил два стана, еден за себе, а еден кој го изнајмува преку грчка агенција.
Дарко се фали дека на овој начин успеал да заработи многу пари и дека е среќен што донел мудра одлука.
Б. С. Б. | Црнобело