Им плука на девојките во уста, ги мава децата со патики на концерти – Згрозена сум од идолите на младинава
Десингерица музичката кариера ја започнал во 2020-та година заедно со Лука Бијеловиќ, кој е најпознат како Пљугица.
Се прославија благодарение на настапот на фестивалот Belgrade Music Week, истата година кога настапуваа пред неколку десетици илјади луѓе, симулирајќи полови односи, полевајќи се со пиво и ставаа лименки на половите органи (и не, не беа уапсени заради тоа, туку тоа беше дел од нивниот перформанс).
Desingerica krenuo da krsti patikom one koji su glasali za rezoluciju, prva na redu je bila Švajcarska 🥰💪😂 pic.twitter.com/thhj6RcxXA
— Nina Krunić (@nina_krunic) May 27, 2024
Освен со „блескавите настапи“ од кои целата јавност е згрозена, тој даде изјава за жените, што ја разгневи целата јавност:
„Она, миење садови, преоблекување дете, тоа сѐ жената треба да го прави брате.
Нормално, зашто е женско, не можам јас да го чистам бебето и тие сра*а“ – вели тој.
@mafia.bebo ccoko moko 😋 #desingerica #ccokolada
♬ original sound - najjaca firmetina bajo
Десингерица и Пљугица се разделија во октомври 2023-та година, откако претходно нивните настапи беа забранети во неколку општини заради дегутантното однесување на сцена.
Бања Лука и Приједор се меѓу градовите кои отворено им кажаа дека не се добредојдени пред нивната публика.
Isuse pic.twitter.com/vp15Fdy8F1
-->— Nina Krunić (@nina_krunic) July 18, 2024
По тешката разделба со колегата, Десингерица продолжи со соло настапите, кои ја згрозија јавноста во регионот. На секој настап ги соблекува патиките и со нив ги мава децата во публика, им плука во уста, им ренда кашкавал, а самиот вели дека секојпат го менува сценскиот настап.
„Не знам кој е тој што го коментира моето влијание врз младите. Не правам ништо лошо, секојпат го менувам сценскиот настап, јас тоа го правам спонтано. Како ќе ми дојде, така се однесувам.
Не можам да кажам што е најлудото што сум го направил, затоа што сето тоа мене ми е нормално.
Искрено, сѐ е како што треба да биде, јас тоа така го правам. Тоа е работата и така се врши работата“ – изјави тој за српските медиуми.
Desingerica, kuvar 😡🤮
— black & white (@bianconerobgd) July 19, 2024
Staviti kore za pitu na glavu, narendati kačkavalj i sve je spremno za boleštinu 😡 pic.twitter.com/cLY4LsL7ga
Со оглед на тоа што тој е оженет човек и со сопругата Невена има и ќерка, останува да видиме дали ќе му биде нормално по неколку години, ако има можност да ја види својата ќерка како паѓа од занес пред нечии нозе, додека тој квази идол ѝ плука во уста.
desingerica koji kaže “ doveo sam bebu “ i novinar koji ga pita ŠTA KAŽE BEBA hahahahahah pic.twitter.com/tAwP6H5wPn
— Greška generacije (@stefidzax) July 3, 2024
Одвратно, дегутантно, непромислено... Но, наместо да решавате политика на Фејсбук објави и да се опседнувате со неважни работи, погледнете ги идолите на вашите деца.
Додека ние сме сконцентрирани на важните работи, во некоја периферија таму се протнуваат лажни идоли чие најголемо достигнување со кори за пита да ги мотаат главите на вашите деца.
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело