„Јас сум родена убава и богата, не ме импресионираа парите на сопругот“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ во војна со твитерџиите
- Детали
- среда, 17 јули 2024
Сопругата на српскиот актер и водител Огњен Амиџиќ, Мина, деновиве мака мачи со твитерџиите кои објавуваат навреди и критики упатени до неа. А, таа објави дека добива погрдни коментари и од Македонија.
Уште откако беше објавено дека е во врска со Огњен, Мина, која е 20 години помлада од нејзиниот сопруг, наиде на голем број критики и коментари од јавноста.
Многумина не можеа да се помират дека со неа Огњен ја замени поранешната сопруга Данијела Димитровска, која важи за природна убавица.
Мина и Огњен во март годинава добија син, кому му го дадоа името Перун, но критиките до неа не стивнуваат.
Таа често добива навреди адресирани до нејзиниот изглед, затоа што тврди дека е целосно природна и не направила никакви естетски корекции, или пак е оцрнета како жена која растура бракови и ги краде сопрузите на други жени.
Но, сопругата на Амиџиќ одлучи да се пресмета со сите нив и на Инстаграм Стори редовно ги објавува погрдните коментари што ги добила.
„Дали оваа спонзоруша мисли дека некој ќе ѝ поверува дека целата е природна и дека не поправила ништо, па дури ниту устата?
Важи, еве поверувавме. Којзнае со кој сè била...“ – гласи еден од навредливите коментари што ги сподели.
За да докаже дека нејзините усни се природни, Мина објави фотографии од нејзината баба, но и тоа не помина без негативни коментари:
„Оваа на Огњен ќе се убие на сите да ни докаже дека има ‘природни’ усни, па ја објавува чукунбабата на Инстаграм“ – стои во друга објава.
Претходно Мина објави дека добила негативни коментари и навреди од следбенички од Македонија, па така на прашањето: „што правите на семафор“, таа ѝ напишала:
„Крадеме мажи од жените. Ја уништуваме нивната иднина и ги оставаме децата да израснат без родители...“ – а и оваа објава експресно беше споделена на Твитер, со поздрав до жената која на два јазика ѝ објаснила каква е.
Мина ги објавува твитерџиите на Инстаграм, тие ги реобјавуваат нејзините сториња, па ѝ се потсмеваат, и така во круг.
„Често луѓето ми испраќаат материјал сличен на оној што го објавив на Инстаграм Стори...
И, сакам понекогаш да поразговарам за тоа, кога сум расположена, како денес, додека се пакувам за пат.
Не би сакала да звучам претенциозно, но... Фактот дека сум родена убава, лесно може да се докаже, затоа што вчера не сум излегла од буре, ниту пак сум никнала од саксија.
Но, тој факт, секако, е помалку важен кога сум јас во прашање. Воопшто не ви е поентата за мојот изглед. Променете ја темата.
Е да има и пост скриптум.
Тие епитети што ми ги припишувате... Јасно ми е дека тргнувате од себеси и срам ми е заради вас.
Но, тоа отсекогаш било така со будалите. Ја имам таа среќа да потекнувам од семејство во кое, покрај тоа што го имав сето она што сум го посакала на материјален план, имало поставено и многу јасен систем вредности, уште до седмата година од животот, па ништо материјално никогаш не можело да ме импресионира“ – вели таа меѓу другото.
Но, и оваа објава набрзо потоа стана предмет за потсмев, па така беше објавен и следниот твит:
„Еве ја оваа Мина Наумовиќ на Огњен... Вели има изграден систем на вредности, а се залепила за оженет човек кој има дете.
Баш убаво воспитување, а освен животот во Белград на вода, навистина ништо друго материјално не ѝ е важно“.
Б. С. Б. | Црнобело