Посакуваше ќерка, но пак доби син: Се породи сопругата на Огњен Амиџиќ, бебето доби необично име
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Не е Миша, како што претходно најавуваа. Огњен Амиџиќ и неговата 20 години помлада сопруга на новородениот син му дадоа моќно, но необично име.
Српскиот актер и ТВ водител Огњен Амиџиќ доби син. Неговата трета сопруга, Мина Наумовиќ Амиџиќ, во текот на изминатата ноќ (09.03) се породи и на свет го донесе бебето на кое одлучија да му дадат необично име.
Како што пишуваат српските медиуми, Огњен и Мина одлучиле на синот да му го дадат името Перун, кое е со старословенско потекло, а според историчарите така се викал врховниот бог на сите Словени.
Инаку, познато е дека Огњен беше пресреќен што ќе добие второ дете, а потајно се надеваше дека ќе добие ќерка.
„Колку повеќе деца, толку подобро. Со оглед на тоа што Матеј повлече сè што можеше на мајка му, редно е и јас да добијам ќерка која ќе биде убавица на тато, па и јас да имам свој клон“ – рече тој во една пригода.
Огњен и Мина претходно не сакаа да го откријат полот на бебето додека беа во исчекување, а тие открија дека се венчале во тајност, без никој да знае за тоа.
„Сакавме тоа да биде без бучава и тој чин да остане само за нас. Ние веќе живеевме во брак, сега е само на хартија“ – кратко појасни Огњен.
За потсетување, Огњен има уште еден син од бракот со манекенката Данијела Димитровска.
Б. С. Б. | Црнобело