Ќе му се исполни желбата за името - Огњен Амиџиќ и Мина ги бројат последните денови пред да станат родители

„Имаме подготвено име, кое го избра Огњен. Постои едно име што тој отсекогаш го сакал за своето дете и затоа веднаш прифатив“ – изјави сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ Амиџиќ. Таа ги збуни сите со нова фотка од кај фризер и рече дека пред породување донела необична одлука.

kje-mu-se-ispolni-zhelbata-za-imeto-ognjen-i-mina-gi-brojat-poslednite-denovi-pred-da-stanat-roditeli-01.jpg

Српскиот ТВ водител, актер и музичар Огњен Амиџиќ и неговата 20 години помлада сопруга Мина Наумовиќ ги бројат последните денови од бременоста и со нетрпение очекуваат да го запознаат своето прво заедничко дете.

Додека Огњен ретко објавува фотографии на Инстаграм, освен неговите препознатливи фотки со нозе и чевли, Мина редовно ги известува своите следбеници за секој момент што ѝ се случува.

kje-mu-se-ispolni-zhelbata-za-imeto-ognjen-i-mina-gi-brojat-poslednite-denovi-pred-da-stanat-roditeli-02.jpg

Таа пред неколку денови објави заедничка фотографија на која е со Огњен и со мајка ѝ и покажа дека последните денови од бременоста сака да ги поминува со најблиските.

„Мојата мајка и мојот маж, едно февруарско попладне, на само миг пред и самата да станам мајка. Животот е убав“ – порача тогаш Мина.

kje-mu-se-ispolni-zhelbata-za-imeto-ognjen-i-mina-gi-brojat-poslednite-denovi-pred-da-stanat-roditeli-03.jpg

Сега, неколку дена подоцна, Мина на Инстаграм Стори објави фотка од фризерски салон и ги изненади своите следбеници, затоа што соопшти дека донела драстична одлука пред породување:

„Кога ќе му соопштам дека сакам да бидам русокоса“, што го збунило фризерот и таа успеа да му го улови изразот на лицето, но потоа не покажа дали навистина се одлучила за промената, или само се шегувала.

kje-mu-se-ispolni-zhelbata-za-imeto-ognjen-i-mina-gi-brojat-poslednite-denovi-pred-da-stanat-roditeli-04.jpg

Јасно е дека овие мигови се посебни во животот на Мина и Огњен, а тие неодамна одговараа на Инстаграм прашања поврзани со бебето.

На прашањето како ќе се вика бебето, Огњен рече:

„Ќе ви кажам ако Мина дозволи. Сакавме, ако биде ќерка да се вика Миша, но подоцна најдовме подобро име“.

На ова се надоврза и Мина, па дополни:

„Искрено, имаме подготвено име кое го избра Огњен. Постои едно име што тој отсекогаш го сакал за своето дете и затоа веднаш прифатив.

Се воодушевив кога го слушнав и сакав да му ја исполнам желбата. Ќе знаете, ќе споделиме кога ќе дојде времето“.

kje-mu-se-ispolni-zhelbata-za-imeto-ognjen-i-mina-gi-brojat-poslednite-denovi-pred-da-stanat-roditeli-05.jpg

За потсетување, Огњен претходно беше во брак со Данијела Димитровска со која има еден син, а потоа ја започна врската со 20 години помладата Мина, со која се венча во тајност во јануари годинава.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg