Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ?

„Да, бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку што е потребно, тоа е наша интима и приватност и сакаме така да остане“ - рече српската пејачка Јована Пајиќ, за односот со Марија Шерифовиќ. Која е жената за која со години наназад има гласини дека е во емотивна врска со српската пејачка?

glasini-deka-e-vo-vrska-so-marija-sherifovikj-otkako-bea-zaedno-na-odmor-koja-e-jovana-pajikj-01.jpg

Српската пејачка Јована Пајиќ деновиве постојано е застапена во српските таблоиди и медиуми, а тоа што таа заедно со Марија Шерифовиќ беше на одмор во Црна Гора, само дополнително ги подгреа гласините дека се во романтична врска.

Тие две заедно беа на настанот со кој Јована по подолга пауза пак се врати на сцената, па неминовно, новинарите повторно им го поставија прашањето дали се во врска и зошто биле заедно на одмор:

„Да, бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку што е потребно, тоа е наша интима и приватност и сакаме така да остане.

Тоа е нашето дружење, јас не би сакала да зборувам за тоа, иако често ме прашуваат за тоа. Тоа треба да остане за нас“ – вели Јована.

glasini-deka-e-vo-vrska-so-marija-sherifovikj-otkako-bea-zaedno-na-odmor-koja-e-jovana-pajikj-07.jpg

Инаку, токму Јована беше една од ретките и блиски личности на Марија што знаеше за нејзиниот пат до мајчинство и за зачнувањето на синот Марио со помош на сурогат мајка.

Исто така, Јована ја придружуваше Марија на едно од патувањата во САД.

Во изјава за српските медиуми, Јована вели:

„Марио е пресладок, сакам да поминувам време со него. Имам искуство со моите деца, па можам да ѝ помогнам. Често знам да кажам: ’Заедно сме во ова сра*е‘“.

Инаку, Марија на настанот дојде директно од патувањето со синот. Во фармерки, маица и со ранец на грбот.

Која е Јована и како започна нејзиното пријателство со Марија:

Јована Пајиќ ја започна својата музичка кариера во 2005-та година, кога на возраст од само 16 години се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Таа во шоуто го освои петтото место, а потоа сними неколку песни.

glasini-deka-e-vo-vrska-so-marija-sherifovikj-otkako-bea-zaedno-na-odmor-koja-e-jovana-pajikj-03.jpg

Во 2010-та година ја започна врската со Александар Сале Цветковиќ, кој е најпознат како пејач на „Тропико бенд“. Тие двајца се венчале во 2012-та година и заедно добиле две ќерки, Хелена и Џина.

glasini-deka-e-vo-vrska-so-marija-sherifovikj-otkako-bea-zaedno-na-odmor-koja-e-jovana-pajikj-09.jpg

Јована направи подолга музичка пауза од 2013-та до 2018-та година, кога се врати на сцената како членка на тогашниот популарен бенд „Министарке“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg