„Имам среќа што не сум деформирана“ – Српска манекенка се пофали дека ги извадила филерите и имплантите
- Детали
- четврток, 04 јули 2024
„Многу сум среќна што го вратив својот природен, најубав изглед и што успеав да го вратам својот изглед од пред 10 години“ – вели српската манекенка Дејана Живковиќ која откако со години беше мета на критики заради „пластичниот изглед“ сега објави дека ги остранила сите импланти и филери.
Српската манекенка Дејана Живковиќ со години наназад е мета на критики заради големиот број естетски корекции што ги направила на себе.
Дејана во српската јавност стана позната во 2011-та година кога се појави во реалното шоу Prvi srpski top model, каде често беше мета на критики, а беше исфрлена заради иритирачкото однесување.
Во тоа време Дејана имаше платинесто руса коса, но потоа многу се промени. Видливо беше дека вградила импланти на повеќе делови од своето тело.
Јавно ја поврзуваа со голем број познати мажи, а таа самата призна дека нејзиниот дечко мора да биде богат и да има пари.
„Да, важно ми е партнерот да има пари. Би ве излажала кога би ви рекла поинаку.
За да може да го следи мојот живот и првенствено да биде задоволен со себе, а не да има комплекс заради мене.
Јас секако работам на себеси и на својот успех“ – изјави таа во една пригода, но додаде дека финансиската состојба не е клучна, затоа што во тој случај би се омажила не еднаш, туку петпати.
Денес Дејана е омажена за бизнисменот Филип Симовиќ, со кого доби две деца.
Тие двајца живеат во Белград, во луксузен блок, каде што живее и Марија Шерифовиќ, а Дејана во изминатите неколку месеци беше топ тема, откако краток период по породувањето со второто дете, кому му го дадоа името Новак, успеа да се врати во топ форма.
Откако долго време беше мета на критики заради „пластичниот изглед“, Дејана деновиве на својот Инстаграм профил се отвори и зборуваше за тоа како и зошто одлучила да ги отстрани имплантите и филерите од телото.
„Доста објавував на Инстаграм Стори деновиве, додека зборував за сè што сум коригирала кај себе, и сега гордо можам да кажам дека ги отстранив сите филери.
Некогаш беше ’кул‘ и ’ин‘ експеримент, мислејќи дека може подобро.
Понекогаш тоа е така, но понекогаш за жал се претерува. Многу сум среќна што го вратив својот природен, најубав изглед и што успеав да го вратам својот изглед од пред 10 години“ – вели таа.
„Имав голема среќа што успеав да го вратам својот изглед што е можно поприродно, додека, на многумина тоа, за жал не им успеа. Добро нека размислат дали тоа им е потребно и кај кои доктори се обраќаат за помош“ – вели Дејана.
Таа вели дека во последните 10 години направила корекции на усните, на јаболчниците, а еднаш и на брадата.
„Кога еднаш ќе почнеш секогаш мислиш дека можеш малку повеќе и дека ќе биде уште поубаво“ – вели таа.